Достапни линкови

Детски игранки на државниот врв со што не се праќаат добри сигнали во Грција, велат аналитичарите


Владата не коментира одлуки на претседателот, ова е првата реакција на кабинетот на Груевски по вчерашната одлука на Црвенковски да го разреши македонскиот преговарач во спорот со името Никола Димитров. Засега, вели владиниот портпарол Шефик Дураки, преговарач останува шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер:

„Дали ќе има уште некој друг кој ќе му се приклучи на Протоѓер, сеуште немаме став или решение.“

Инаку Црвенковски вчера изрази подготвеност да го именува Протоѓер за преговарач или како што рече, некој друг кој што ќе го предложи владата. Овие последни препукувања на претседателот и премиерот изнесени на собраниската седница, според аналитичарот Слободан Чашуле покажаа дека наместо со резолуцијата да се обединиме како што вели, успеавме да се разединиме. Детски играии на државно владиниот врв, така Чашуле ги именува најновите случувања:

„Сигналот во Грција е дека кај нас ,,е село без кучиња“. Според тоа нашата позиција со вчерашната седница на Собранието и овие ,,играрии“ ни ја ослабнаа уште повеќе позицијата, сега незнам кого Владата да го предложи, а претседателот да го прифати не ќе може да се вратиме назад, дури и на онаа претходна позиција, можеби не толку добра, но која ја имавме.“

Прво премиерот додека претседателот беше на Генералното Собрание на ОН во Њујорк изјавуваше дека тој треба да го реши спорот, сега Црвенковски му ја препушта работата на Груевски кој пак инсистира крајното решение да го донесе народот на референдум, анализира Чашуле кој смета дека овие чекори значат само префрлање на одговорноста:

„Некој мора да повлече одлука, ако треба да биде НЕ, треба да биде кажано јасно и да ги претрпиме сите последици. Доколку е ДА, треба да се каже јасно ДА и повторно да ги истрпиме сите последици. Во спротивно ова на овој начин е агонија која трае.“

На сличен начин ги толкува чекоритте на Црвенковски и Груевски и аналитичарот Ризван Сулејамани. Немаат храброст да носат одлуки, смета тој.

„И едниот и другиот знаат дека нема решение за ова прашање, или немаат храброст да прифатат такво решение кое што е можно во овој момент.“

објаснува Сулејмани.
XS
SM
MD
LG