Достапни линкови

Средби со премиерот Груевски и шефот на дипломатијата Милошоски


Дводневната посета на заменик помошникот на државниот секретар на Соединетите Држави, Стјуарт Џонс во земјава, денеска продолжи со средба со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и премиерот Никола Груевски. Според најавите, теми за кои се разговара се последните случувања во внатрешната и надворешната политика, интеграцијата во евроатлантските структури, односите меѓу двете земји, како и регионалната безбедност. На овие теми Џонс вчера разговараше и со претседателот Бранко Црвенковски.

Од неговиот кабинет соопштија дека откако биле разменети мислења за актуелните состојби во регионот, било оценето дека тие одат во добра насока и оти сите земји на Западен Балкан се насочени кон европските и атланстките интеграции, како услов за позначаен економски просперитет.

Една од темите за кои било разговарано е спорот со името. Шефот на државата, го инфопрмирал својот соговорник дека Македонија и натаму останува посветена проблемот да биде надминат, со цел да се реализра поканата за членство во НАТО. Притоа, Џонс изразил надеж дека наскоро ќе дојде до посакуваното решение со што ќе се деблокира македонскиот прием во Алијансата.

По средбата на Џонс со премиерот Груевски, предвидени се и средби со претставници на најголемите политички партии во земјава.
Поддршката од Соединетите Држави за Македонија и нејзиниот прием во НАТО беше потврдена и при последната посета на македонска владина делегација во Вашингтон. Претставници на американската државна администрација неколкупати досега пратија порака дека го почитуваат напредокот на Македонија и дека ја разбираат чувствителноста на состојбата во која се наоѓа земјава и во делот на разликите околу името како и во однос на признавањето на Косово.
Од американска страна беше посочено дека поддршката за Македонија ќе продолжи и во идниона, независно од исходот на претседателските избори во Соединетите Држави.
При неодамнешното потпишување на документот за ратификација на Протоколот за влез на Хрватска и Албанија во НАТО, американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека НАТО во најкус рок во своите редови треба да ја прими Македонија.
Америка го очекува денот кога границите на НАТО ќе ги вклучат сите нации на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, беше пораката што на свечената церемонија во Белата куќа ја упати првиот човек на Соеднитетите држави.
XS
SM
MD
LG