Достапни линкови

Тие се значајни само од морален аспект и треба да се размисли за стручна помош, велат експертите


Досега координативните средби, меѓу претседателот Црвенковски и премиерот Груевски за спорот со името не донесоа некои значителни резулатати. Поинаква ситуација не се очекува ниту во наредниов период, коментираат наши извори. Без постигнување на согласност заврши и последната средба што се одржа минатата недела помеѓу премиерот и претседателот. Премиерот стои на позицијата за двојната формула, а претседателот инсистирал на сериозни модификации на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за тој да може да преставува основа за натамошни разговори, информираат наши извори. Експертите пак укажуваат, координативните средби не помагаат со оглед на тоа дека македонското државно раководство досега не покажа зрелост за постигнување на консензус и можеби веќе крајно време е да се побара и стручна помош, предлага професорот Биљана Ванковска:

„Очигледно ако двајца или неколкумина неможат да се договорат, тогаш веројатно ќе беше потребно малку поширок состав, ако сакате и на експерти и на луѓе познавачи од разни свери, да се собират и конечно да се заземе некој рационален став, во смисла да им се помогне на државните лидери. Вака остануваме со мали очекувања.“

Корисноста од координативните средби на државниот врв од кои досега ретко кога можеше да се воочи дека е постигнат усогласен став, аналитичарот Алберт Мулсиу ја гледа само во моралната димензија:

„Со тоа се покажува дека има доволно развиена свест да политичарите независно од нивните несогласувања или некогаш и персонални анимозитети се спремни во низа некои покруцијални прашања, да седнат и да се договарт. Колку се во можност да се договарат тоа е веќе друго прашање.“

Изјавува Муслиу. Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ги потпишува протоколите за членство во НАТО на Албанија и Хрватска. Веќе доцниме зад овие две земји од соседството, оценува стручната јавност, но процесот за името мора да се придвижи доколку сакаме членство во Алијансата:

„Очигледно ние стоиме во место во однос на проблемот со името, така што најверојатно само ќе ги поздравиме Хрватска и Албанија на нивниот пат кон полноправно члентсво.„

„Времето не работи за нас, како времето одминува тие не одминуваат во целиот процес, мислам дека ќе биде се потешко и потешко да го фатиме чекорот со нив.“



Изјавуваат професор Ванковска и аналитичарот Муслиу.
XS
SM
MD
LG