Достапни линкови

Додиќ и Силјаџиќ ги кочат реформите за лични интереси, смета меѓгународната заедница


Заменикот на високиот преставник на Меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Рафи Грегоријан ги прогласи за одговорни за актуелната криза во земјата лидерот на Република Српска Милорад Додик и Преседавачот на Босанско Претседателство Харис Силајџиќ. Речиси истовремено и поранешниот претставник на Европската Унија Педи Ешдаун и архитектот на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година Ричард Холбрук, предупредија на можноста од целосен колапс на Босна и Херцеговина и од избувнување нова криза во регионот.

Според заменикот на високиот преставник на Меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Рафи Грегоријан двацата лидери Милорад Додик и Харис Силајџиќ со своите изјави и дејствување се одговорни за кризата во Босна и Херцеговина. Грегоријан вели дека Преседавачот на Босанско Претседателство, Силајџиќ и лидерот на српскиот ентитет Република Српска, Додик се виновни за застојот во реформите. За некои неговата изјава е вовед во смена на двајцата лидери а за други станува збор за враќање во процедура на пропаднатиот пакет уставни реформи. Не е прв пат на Додик и на Силајџиќ да се укаже како на кочничари на реформите во Босна и Херцеговина, вели во една од своите Анализи директорот на Институтот за Блискоисточни и балкански студии Бахтијар Аљаф.

„Тие ги кочат реформите кои и се потребни на Босна и Херцеговина за да стане дел од евро-атланските интеграции. Проблемот е во нивниот личен интерес. Тие поради личните интереси се готови да ги жртвуваат интересите на Босна и Херцеговина за вклучување во евро-атланските интеграции.“

изјави за Радио Слободна Европа во Сарево Бахтијар Аљаф. Во заеднички авторски напис, објавен во лондонски Гардијан, пак поранешниот претставник на Европската Унија Педи Ешдаун и архитектот на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година Ричард Холбрук, предупредија на можноста од целосен колапс на Босна и Херцеговина и од избувнување нова криза во регионот.
Според Британскиот и американскиот дипломат, премиерот на Република Српска Милорад Додик, работи на тоа српскиот ентитет да биде подготвен за да се отцепи тогаш кога за тоа ќе му се укаже прилика. Додик со своето делување практично ја запира еволуцијата на Босна во една единствена и функционална држава која ќе може да биде компатабилна со Европската Унија пишуваат Ешдаун и Холбрук. Додик пак се брани дека тој го почитува Дејтонскиот договор, а дека босанската страна и неговиот политички противник Харис Силајаџик, настојуваат да го преработат договорот и да ги укинат посебните ентитети. Британскиот и американскиот дипломат забележуваат дека всушност, со таквото однесување и двајцата работат против федералното уредување во рамките на една држава. Ешдаун и Холбрук укажуваат на забрзаниот пораст на бошњачкиот и хрватскиот национализам и велат дека назадувањето на оваа балканска држава може да се запре само ако Европската Унија почне поенергично да дејствува, а новата американска администрација одново се ангажира во Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG