Достапни линкови

Консензусот е постигнат, но на тест е неговата имплементација


Новите изборни правила влегуваат во Собарнието според очекувањата без расправии мегу власта и опозицијата откако точка на мегусебните разлики беше ставена мината недела кога СДСМ одржа средба со министерот за правда Михајло Маневски во функција на прифакање на нивните забелешки. Но, иако надминатите разлики за изборните правила во парламентот даваат можност за надминување на политичките конфорнтации и поинаква дебата, опозицијата изразува резервираност дека битката за фер избори може да биде добиена на теренот, додека партијата на власт се раководи од принципот оти забелешките од ОБСЕ и ОДХР кои се однесуваа на одредени техники во спроведувањето на изборите во овој изборен законик се целосно остранети:

„СДСМ го поздрави за прв пат напорот што го прави Министерстството за правда да има усогласен став околу измените на изборниот законик, проблемот е во имплементацијата.“

За одржување фер избори портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски ја нагласува заедничката одговорност на сите политички партии:

„Она што останува е сите политички субјекти да покажат волја и да помине така како што е предвидено.“


Постигнатата согласност за измените во Изборниот законик, Собранието треба да ја потврди спроти претстојните локални и претсеадтеслки избори на пролет, како и во функција на добивање позитивен одговор од Европската комисија и отстрануавње на една од забелешките поради лошите избори:

„Мислам дека сето ова е задоцнето, неможеме со еден потег, во ,,минута до дванаесет“ да промениме се што ќе биде осврт на достигнувањата преку целата година.“

Вели Бучковски од СДСМ.
Сликата на руинирања на изборниот процес преку полнење кутии со што се манипулираат гласачите беше обележје и на последните избори, поради што земјава доби забелешки од релевантните меѓународни институции
Поучени од искуствата иако има правна рамка ќе биде прашање како ќе се однесува електоратот, односно како ќе реагираат органите на полицијата во случај на обиди за нарушување на изборниот процес вели политкологот Жидас Даскаловски:

„Тоа може да се сузбие со навремено реагирање на органите на МВР. Мислам дека на наредните претседателски и локални избори и правната рамка е средена и ќе имаме навремена реакција на Министерството.“

Ниту една влада не може да обезебеди услови доколку некој реши да опструира како резулатат на политичко подземните договарања, додава Суад Мисини.

„Доколку некој реши да опструира вон оние политичко подземени договорања, ние ќе имаме инциденти и понатаму. Меѓутоа тука на сцена стапува правната држава.“

Новите изборни правила влегуваат во Собранието по последната лидерска средба на која беше покажана волја, цензусот за избор на претседател да биде намален од 50 на 40 проценти, а претседателот на ДИК да биде од опозицијата.
XS
SM
MD
LG