Достапни линкови

Европските влади почнаа да гарантираат за банкарските депозити


Фокусот на глобалната финансиска кризата е свртен кон Европа каде министрите за финансии на Европската Унија денеска го продолжуваат состанокот во Луксембург. Европските влади во обид да ги смират клиентите ветија дека гарантираат за банкарските депозити и оти нема да дозволат натамошен пад на финансиските институции.

Главните европски берзи изутрината забележаа пораст по вчерашното панично продавање на акциите во целиот свет. На отворањето на берзите во Лондон, Цирих и Франкфурт е забележан скромен раст од над 1 насто, додека тргувањето на Азиските берзи изутрината започна со нов пад што е велат контрадикторно. Јапонскиот Никеи е долу за 5 насто, а индустрискиот индекс на Доу Џонс синоќа падна на најниско ниво од 2004. Силно погодена беше и берзата во Русија. Во Москва рускиот претседател Дмитриј Медведев повика на ургентни меѓународни мерки и порача дека утре ке им се придружи на европските лидери во Евиан во надеж на заеднички одговор на кризата.
Министрите за финансии на Европската Унија од земјите членки на евро – зоната пак денеска го проширија состанокот со сите 27 земји членки на Унијата. Загриженоста за банкарскиот сектор по падот на 5 те европски банки, влијаеше многу влади да ветат дека ги гарантираат приватните заштеди. Министрите за финансии пак дискутирајки во Луксембург за мерките за спас ветија дека нема да дозволат ни една друга поголема финансиска институција да пропадне. Претседателот на Европската Централна Банка Жан Клод Трише во Луксембург изјави

„Се наоѓаме во фаза во која е отидена предалеку откако се потценети ризиците. Голем дел од приватните играчи ги потценуваат и денеска што, секако, е хендикеп за финансиските пазари. И затоа ги повикувам сите да покажат одговорност и доверба.“

Американскиот Конгрес го усвои пакетот за спас на финансискиот сектор вреден 700 милијарди долари, а американскиот претседател повика на трпение. Довербата е клучот за тоа што се случува, смета Роберт Дан професор по економија на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

„Банките изгледаат шокирани и дури и со планот за спас тие се воздржани. Бизнисите, кои се во одлична состојба, се жалат дека не можат да добијат заеми или дека нормалните кредитни линии од, да речеме, милон долаи се намалини на половина милон долари. И не е јасно дали пакетот тоа ке го среди брзо, бидејки е јасно дека сега многу банки се страшно многу претпазливи.“

Професорот Дан вели дека е бизнисмените и берзанските трговци стравуваат од перспективите на сериозна рецесија. Тој вели дека сите економски индикатори како продажбата на мало, продажбата на автомобили, виртуелно паѓа. Така нема гаранции дека банките во Соединетите Држави ке бидат охрабрени да си позајмуваат една на друга и тоа чувство на страв се префрли и во Европа. Најголема жртва на кредитната криза која започна во Америка, во Европа засега е една од најголемите германски банки Хипо Реал Естате. Германската влада реагираше со 50 милијарди евра за нејзин спас. Меѓутоа, најголемите европски економии не успеаја да се договорат за координирана програма слична на американската туку се посветија на заедничка работа за стабилизација на пазарите.
XS
SM
MD
LG