Достапни линкови

Постои можност да се најдат производи со кинеско млеко на македонскиот пазар, оценуваат експертите


Македонските власти тврдат дека во земјава не се увезува млеко од кинеско производство. Во царината велат дека барем официјално, декларирано кинеско млеко не се увезува. Експертите велат дека опасноста да се најде кинеско млеко кое ја содржи отровната материја меламин на македонскиот пазар сепак постои.

„Опасноста за да влезе некој производ којшто содржи млеко во прав, во кој може да се најде меламинот, е со производи кои се увезени во Кина, во некои европски или соседни земји, како што е случај во Бугарија, Русија, Србија и тука најверојатно, затоа што не постои метода кај нас која може да го открие меланинот, може да се случи да се најде и на нашиот пазар,“

вели професор Михаил Данев од ветеринарниот факултет. Во Македонија нема лабораторија која може да го открие присуството на меламинот во некој производ.

Но, во ваква ситуација треба комплетно да се проверуваат сертификатите за потеклото на стоката и доколку се открие дека таа содржи млеко во прав од кинексо потекло испитувањата треба во секој случај да се направат во некои од европските лаборатории, вели професор Данев. За да се однесе мостра за испитување во некоја од светските лаборатории Ветеринарната управа треба да чека налог од Дирекцијата за храна а тие таков налог до сега не добиле:

„Преку овој пример можеме да констатираме дека соработката на овие два органа, меѓу Министерството шумарство и водостопанство и Министерството за здравство мора да биде на поадекватен начин решено, а не да се чека наод или да се тргнува од позиција дали некој прехрамбен производ содржи производи од животинско потекло или е од растително потекло. Едноставно, координацијата мора да биде на соодветно ниво за адекватна реакција во вакви случаи,“

вели Данев. Двете институции денеска не беа достапни за информации. Едно испитување на присуство на меламин во прехрамбените производи чини од 300 до 500 евра за секоја мостра. Меламинот е органска база од цијанимид кој содржи две третини азот. Според лекарите тој сам по себе не е отровен но во присуство на цијанимична киселина може да им нанесе огромни штети на некои од човечките органи.
XS
SM
MD
LG