Достапни линкови

Позицијата на ВМРО ДПМНЕ е премногу ригидна, а на СДСМ преширока, оценуваат експертите


Нема менување на Уставот ниту остапки во однос на идентитот, јазикот и културата- ова е основата на позициите на двете најголеми македонски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ изнесени викендов. Опозицинерите сметаат дека новото име со географска одердница би можело да ја замени досегашната Референца ФИРОМ и да има ист опсег на употреба. Владеачката партија пак инситра на двојната формула однсоно посебно име само за Грција. Токму во ставовите за широчината на употребата на евентуално копрмисно име се разликите мегу ВМРО ДПМНЕ И СДСМ велат дел од домашните аналитичари. Според професорот од Штуловиот Универзитет Јетон Шасивари всушност двојната формула на ВМРО ДПМНЕ е замена на досегашната рефернца во однос на надаворешната уопитреба бидејки ФИРОМ ја користи Грција и земјите кои не не признале под уставното име. Тоа не е ништо ново вели тој и додадва дека перидов новина е ставот на Социјалдемокартите:

„Бидејќи тој став е пофлексибилен и во себе опфаќа креирање на едно единствено име, што ќе биде во меѓународна употреба.“

Поранешниот дипломат Ристо Никовски со слично мислење но тој потенцира дека ставовите и на двете парттии се нецелосно изградени:

„Двојната формула е како некој резултат на сите медијации кој треба да биде прифатена можна. Значи, во суштината на двата става има разлика.“

Тогаш која позиција е пореална односно може да не доведе до кпмпромис. Никовски вели ниту една ниту другата:

„Бидејќи како ставови се добри, меѓутоа едната е премногу ригидна, а другата премногу широка.“

Според Шасивари пак компромисот би бил некаде во средината

„Во смисла на тоа да се даде шанса да преговорите под покровителство на ОН, а не однапред да се прејудицира дека нема да бидат успешни и нема да вродат со решение и компромис.“

Како и да е аналитичларите сметаат дека Разликите не треба да се рашават во јавноста додека трае процесот на разговори бидејки тоа и штети на позицијата на земјава во период кога очеите на мегународната јавност се свртени кон Македонија- смеаат аналитичарите.
XS
SM
MD
LG