Достапни линкови

Трошоците за живот се повисоки, граѓаните се жалат и „крпат“ за да преживеат


Иако животниот стандард и платите во основа ни се потребни за нормален и здрав живот тие дури станаа центрлни теми на нашиот живот. Врз ваквиот приод на македонските граѓани влијаат, трошоците за храна и комуналии кои за многумина стануваат поголеми од потребите на семејството:

„До крај се троши.“
„Само комуналии и храна, не останува ништо.“
„За нормално четири члена фамилија, потребни се минимум 30 илјади или 500 евра за опстанок, како луѓе се снаоѓаат со помали приходи, самите знаат.“
„Нема фанрики, има невработени, тоа е, јас продавам грозје, за да му дадам на девојчето на синот, да студира на факултет, на правен.“


Според податоците на државниот завод за статистика просечната месечна исплатена плата по вработен во јуни изнесува 15 илајди И 759 денари што е поголема за 10, 7 проценти поголема во однос на истиот месец минатата година но за граганите нема подобрување. Врз ова влијае економската ситуација. На пример во јуни според, бројките на статистика 8,9 проценти од вработените не примиле палата, што е за 3,2 проценти помалки во споредба со истиот период од претходната година. Вреднооста на потрошуавчката кошница за исхрана и пијалоци за едно четиричлено семејство за август изнесува 11 957 денари

„Ништо, се оди за јадење, за децата.“
„Нешто многу малку, лутеницра, сливи.“
„На храна не може да штедиш, мора да зготвиш нешто. Парно мора да се плати, комуналии се осум, девет илјади.“


Најголем пораст на трошоците за живот во август е забележано кај парното греење за дури 43,4 проценти, за 1,8 проценти кај месото и 1,7 проценти кај рибата. Нов удар врз потрошувачката кошница граѓаните според најавите ќе почусвтвуваат и во наредниот период со најавите за поскапувањето на цената на струјата, а во меѓувреме веќе поскапе лебот. По бранот поскапувања минимално намалување на цените од 0,2 до 13,2 проценти има кај овошјето зеленчукот, мастите и млечните производи како и кај средствата за хигиена обувките и облеката.
XS
SM
MD
LG