Достапни линкови

Добро е што гаранциите за македонскиот идентитет се наоѓаат во пакетот идеи на медијаторот Нимиц


Добро е што медијаторот Метју Нимиц го отвара прашањето за македонскиот јазик и нацијата во пакетот идеи доколку дојде до промена на името, коментираат извори од македонскиот државен врв по последната македонско-грчката преговарачка рунда во Њујорк на која се јавува дека била понудена процедруа со која ќе се гарантира македонскиот идентитет. Тие ова го толкуваат како притисок врз Грција, во кој е вклучена и американската страна, конечно да се свести дека правата за определба на етничките заедници се поинакви од водењето на една ксенофобична политика. Обидот, според нив, е да се притисне грчката страна, од која ќе се издејствува признание дека ги почитувата правата на малцинствата, за понатаму да може да се решава прашањето. Според пишувањата на грчките медиуми, официјална Атина е незадоволна од последниот развој на преговорите. Тоа е во наша полза, бидејќи со тоа оваа преговарачка страна покажува не кооперативност, велат дипломатски извори. Враќањето на прашањето за името, на што сега повторно инсистира офоцијална Атина, всушност егзистираат од самиот почеток, и воопшто не требаше да се влегува во отварање на проблеми околу идентитетот на нацијата, коментира домашната експертска јавност. Професрото од Правниот факулетет Владо Поповски вели:

„Предмет на разговорите е спорот околу името, тоа стои во Резолуцијата на ОН, за да се промени привремената референца ПЈРМ, и тоа е предмет. Инаку желбите како јазикот, нацијата, културата неможете да ги наметнете во еден преговарачки процес кој што е определен со Резолуцијата.“

Тој посочува дека македонскиот државен врв, конечно мора да ги одреди приоритетите и да излезе со јасен став во преговорите. Ако приоритет се НАТО и Европската Унија, тогаш треба да се работи на тоа, смета професорот Поповски:

„Опстанокот на државата е клучниот интерес и тоа е генеричкиот општиот интерес, кој што ги обезбедува сите овие теми за кои што зборуваме.“

Забележува професор Поповски. Според информациите македонските преговарачи се вратија од Њујорк, деновиве ќе следи координативна средба на која што ќе мора да се дефинира нашиот став по изнесените идеи на Нимиц, бидејќи за 15-тина тој ќе бара одговори и продолжување на разговорите.
XS
SM
MD
LG