Достапни линкови

Се очекува сто илјади домови да бидат поплавени, над милион жители на Тексас ќе се евакуираат


Ураганот Ајк денеска го погоди Тексас и пустоши низ градовите во Мексиканскиот Залив. Се претпоставува дека ова ќе биде најголема бура во тој регион во последните 50 години, поради што се затворени 17 рафинерии за нафта, што е една петина од американското производство. Националната метеоролошка служба ги предупреди жителите во крајбрежните места дека последиците би можеле да бидат катастрофални и оти околу 100 илјади домови ќе бидат поплавени. Американскиот секретар за национална безбедност Мајкл Чертоф изутрината изјави:

,,Нашата нација се соочува со, според сите показатели, катастрофален ураган. Не време за игри и за ризикување со бурата."

Над милион жители на Тексас добија предупредување да се евакуираат.
XS
SM
MD
LG