Достапни линкови

Предлогот е познат, прашање е притисокот во следниот период за решение, вели професор Фрчковски


Македонскиот државен врв ги чека Димитров и Протегер од Њујорк за како што беше договорено и на координацијата пред да заминат да пренесат што им презентирал Нимиц вчера. Ревидирани идеи кои биле предложени и порано и кои можат да бидат структура за решение- изјави медијаторот по средбите со македонскиот тим и со грчкиот преговарач Василакис. Спред медиумиските информации пак на маса се ставени осум имиња со варијации на Горна и Северна Макдонија. Нимиц исто како и во Скопје одби да одговори дали се раговара за Северна Македонија. Универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски вели дека овие идеи не се нови туклу тиа се коментираат во јавноста веќе четири месеци. Неговиот став е дека Горна и Северна се прифатливи за Македонија, но треба да се внимава што ке содржи преостанатиот дел од пакетот во насока на користење на терминот македонски. Грчкиот став пак кој вчера според гласините го пренел Василакис е во делот за нацијата да се користи терминот славомакедонска, а во делот за јазикот македонски испишано на латиница.

,,Би било шпекулација која одговара на македонските ирационални националисти денеска да се шпекулира со ставовите на грчката страна, како ставови за кои се расправа. Тоа, прво да го ставиме на страна. Нивните ставови, ние ги знаеме 17 години, за нас тие во најголем дел се неприфатливи и тоа останува до денеска,"

вели Фрчкосвки и додава дека неговиете очекувања се пакетот да биде позитивен за нас:

,,Она што е вистински пакет за преговори треба да го видиме, но мислам дека ќе биде тој што го расправавме некаде уште од мај годинава. А, тоа е име за надворешна употреба Северна или Горна и гаранции за националниот идентитет."

сега вели тој прашањето е само на кој начин ке се врши приотисокот врз двете страни за прифакање на предлогот

,,Тоа е она што е важно и за тоа се расправа во септември и октомври и за тоа ќе се расправа во Њујорк. Веќе не е суштината на предлогот, тој е горе долу дефиниран."

Спротивно од Фрчксовки аналитичарот Махи Несими судејки според вечаршните позции на Атина и Скопје смета дека решението е далеку

,,Вчерашната средба остава впечаток дека и двете страни се заинтересирани да се олабави работата, односно да нема решение во блиска иднина."
XS
SM
MD
LG