Достапни линкови

Македонија е дел од новите ризици, сметаат македонските експерти за безбедност


Никој не се сомнева дека светот се смени по 11 септември 2001 година кога се случија нападите во Њујорк и Вашингтон за кои САД ја обвинија терористичката есктремистичка организација Ал Каеда. Денеска ниту една земја не смее да каже дека нема да биде цел на една ваква закана. Македонија е дел од новите ризици особено откако стана дела од антитерористичката коалиција, проценуваат македонксите експерти.

,,Овие подрачја како што е Балканот во некои времиња ги ценевме како можни транзитни зони, на транзитирање на ваквите лица, кои се обучени да извршуваат акции. Но, во денешно време сериозно мора да размислуваме дека и ние може да бидеме цел. Бидејќи со тоа што влеговме во коалицијата, тоа носи закана,"

вели професорот Владимир Пивоваров. Овие напади вели професорот Стојан Кузев Македонија ги доживеа како напади на една пријателска земја од која што традиционално добива поддршка што влијаеше на приближувањето кон САД по оцој датум. Безбедносните ризици од овој тип денеска се глобални додава Кузев па во наредниот период тие ќе бидат растечки.

,,Тенденцијата за остварувањето на некои идеи за оваа религиозна групација се очигледно експанзионистички и очигледно е дека во наредниот период ќе растат ризиците од овој тип."

додава Кузев според кого ваквите безбедносни ризици се глобални и се остваруваат во етапи.

,,Заканата е глобална. Се остварува во етапи, ширењето е етпано, по региони."

Интензитетот на работа во насока на спречување на ваквите ризици во државите се зголемува. Македонија има воспоставено многу служби на планот на борбата против тероризмот кои интензивно работат на првентива против евентуални терористички напади. Сепак недостига професионализација и едукација на кадрите кои работат во ваквите служби која е попречена од нивата партиска регрутација, нагласува професорот Стефан Буџаковски.

,,Мора да се каже дека овие служби се млади, нови, на кои им треба едукација, за да може да се справат со овој современ тероризам којшто има високи стандарди и цели за постигнување."
XS
SM
MD
LG