Достапни линкови

Повикот за премиерот за единство е добар потег, на ред е претседателот, оценува Слободан Чашуле


Пред средбата на македонскиот и грчкиот преговарач со медијаторот Нимиц задутре во Њујорк државниот врв сеуште не знае дали ке се оджри координативна средба. Таквите состаноци на претстедателот премиерот, министерот за надвирешни и преговарачот Димитров а во последно време и шефот на кабинетот на Груевски Протегер досега беа редовна практика за прецизираше нашата позиција. Во овој случај од институциите не може да се добие ниту информација каква е таа. Изјавите на Груиевски и Црвенковски пак одат во насока дека тие се на ралична линија за начинот на кој треба да се реши спорот. Едниот инситира на двојната формула а другиот тврди дека тоа е одамна напуштен концепт. Во вакви услови на неединство премиерот вчера во говорот по повод прославата на денот на независнота потенцираше дека не смее да има разлики и раздор и побара обединување. Според аналитичарот Ризван Сулејмани токму спротивно во реалноста ни се случува поради тоа што како што вели нашите политичари имаат поголеми спососбни за лидерстсво отколку за државништво

„Они повеќе водат сметка за власта, отколку за државата. Повеќе уживаат во ситни, мали политички поени, отколку да градат подобра иднина.“

Осврнувајќи се на повикот на Груевски за единство Аналитичарот Слободан Чашуле вели дека тоа е добар чекор кој одамна и бил потребен на Македонија

„Тоа од него го чувме. Меѓутоа, од претседателот го немаме чуено сега и на ред е и тој тоа да го каже. Конечно, и едниот и другиот треба да сфатат дека јавно дадените изјави за политичарите се обврска и да седнеме полека тоа да го правиме.“

Во вакви услови на немање консенус премиерот синоќа дефинирашше дека во прифакањето на компромис не може да се оди подалеку од како што рече она што ни го дозволува историјата и мнозиството граѓани. Сулјмани смета дека во последниов период се повеке се закопуваме во минатото. А историјата е најголем непријател на иднината додава тој

„Ако појдовна точка за иднината е историјата, опасноста е што на историјата никогаш не и се знае почетокот. Тоа е огромен простор, во кој се губи и тешко ќе најде решение историјата за иднината.“

Инаку на вчерашната прослава на денот на независнота беше нагласен историскиот континуртет на државата преку читањето на извадоци од преиодот на Филип па се до втората светска војна.
XS
SM
MD
LG