Достапни линкови

Позитивен закон што треба да се спроведува, велат експертите


За законот за забрана за продажба на алкохолни пијалоци во периодот од 19 часот до 6 часот наредниот ден, упатените велат дека тоа се норми кои важат скоро во цела Европа, но се поставува прашањето за како што велат експертите, колку кај нас ке има ефекти од донесувањето на ваков закон, кој е со цел да се намали бројот на корисници на алкохол. Социологот Илија Ацески кој го оценува овој закон како добар почеток за борба против алкохолизмот вели дека за да се постигнат резултати,треба да се вклучат сите општествени институции.

,,Тоа е сегмент што значи и можност да тргнеме во позитивна насока. Но, колку тоа ќе се реализира зависи од повеќе сегменти. Првиот сегмент е семејството, а вториот образовните институции."

Тој исто така додава дека со овој закон може да се испрати индиректна порака до малолетните дека им е забранета употреба на алкохол.

,,Сега, ќе почнеме да складираме алкохол, веќе се припремаме дека после седум не се продава, па мораме да го имаме."

Со ова мерка ке се подигне свеста кај граѓаните за штетното влијание на алкохолот,вели психологот Михаил Левенски. Но, и тој како и Ацески вели дека нема да може да се очекуваат некои резултати доколку овој закон не се свати сериозно и не се спроведе во целост.

,,Ако ние постапиме со одговорност сигурно дека свеста ќе дојде на повисоко ниво и мерката нема да ни пречи. Ако демократијата значи дека се е дозволено, не значи дека ништо не е забрането."

На прашањето дали може да се донесат и други вакви слични закони за борба против другите пороци,Левенски со одговор.

,,Дрогата е забранета со закон, но се шири. Тоа не наведува да бидеме внимателно, случајно да не се спроведе законот до крај. Оти, како и денес што слушнав што вели еден човек, како ќе ми забранат, тоа ќе биде само формално."

Имено,пред неколку дена стапи во сила законот за забрана за продажба на алкохолни пијалоци во периодот од 19 часот до 6 часот наредниот ден.
XS
SM
MD
LG