Достапни линкови

Лошата економска политика на владата е причина за ситуацијата, сметаат експертите


,Лежејќи“ на едни од најголемите светски нафтени и резерви на гас, Иран заработи 80 милијаради долари од продажбата на енергенси, минатата фискална година. Но, и покрај високиот профит, животниот стандард во оваа земја драстично се намалува. Иранските власти соопштуваат дека околу една четвртина од луѓето во земјата живеат под границата на сиромаштија.

Новинарот Шаја од Техеран неодамна одлучил да ја напушти својата кариера, за да пронајде подобар начин за заработка со која ќе може да ги плати режиските трошоци за изнајмувањето стан кој го дели со својата мајка и помладиот брат. Сега тој работи како графички дизајнер и повремено во областа на издаваштвото. Кога наоѓа слободна време Шаја пишува и статии како независен репортер. Да се работи на две или на три работни места, стануваа вообичаена работа во Иран, вели тој. Луѓето се обидуваат да се справат со растечката инфлација и високите цени за се`, од сметките за гас до какви било други домашни трошоци:

„Сега, се соочувам со потешкотии при плаќањето на киријата. Има многу луѓе кои е соочуваат со потешкотии како да ги подмират дневните елементарни потреби, како храна или облека.“

вели Шаја. На почетокот од месецов Иранската Народна банка соопшти дека околу 14 милиони ирачани живеаат под границата на сиромаштија. Според извештајот на Народната Банка инфлацијата во земјата значајно се зголемила. Официјалната стапка на инфлација изнесува повеќе од 25 проценти, додека во 2005-та година таа изнесувала 12 отсто. Невработеноста според официјалните податоци е 15 отсто, но според укажувањата на експертите реалната бројка е 30 проценти. Иран минатиот месец оствари значајна заработувачката од цените на енергенсите, кои достигнаа околу седум и пол милијарди долари за еден месец и тоа само од продажба на нафта. И додека некои ирански економисти сметаат дека растот на цената на нафтата и на храната се причина за растечката сиромаштија и зголемувањето на цените во Иран, други сметаат дека лошата економска политика на владата е виновна за таквата ситуација. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад се соочува со бројни критики за погрешно менаџирање на економијата, што резултираше со растечка инфлација, зголемена невработеност и намалување на животниот стандат. Џамишид Пазуан од Унизверзитетот во Техеран вели:

„Имаме енергетски резерви, и ако тие значајно се инвестираат во социјалната свера, во образованието и здравството, тогаш можеме да очекуваме подобар животен стандард во Иран. Но, економијата во земјата лошо се менаџира, постои неспособност да се искористат тие ресурси во економска продуктивност и подобрување на благосостојбата на луѓето.“

изјавува Пазуан.
XS
SM
MD
LG