Достапни линкови

Поддршка на Грузија по минатомесечната војна со Русија


Американскиот Потпретседател Дик Чејни денеска во Тбилиси разговораше со грузискиот претседател Микаил Сакашвили. Посетата на Чејни е знак на американската подршка на Грузија по минатомесечната војна со Русија. Чејни е еден од најголемите критичари на политиката на Москва која пак смета дека Вашингон со подршката на владата на Микаил Саакашвили го зголемува тензиите во регионот.

Американскиот потпретседател Дик Чејни денеска во Тбилиси ја изразува подршката на Вашингтон за грузиската влада по минатомесечната војна меѓу Грузија и Русија. Тој на прес конференцијата со Грузискиот Претседател Микаил Саакашвили изјави

„Грузиската независност и суверенитет е многу важна и грузијците се жртвуваат за слободата и служат на таа кауза и во други земји. Сите грузијци заслужиле да живеат како слободни мажи и жени. И тоа е верувам нивната судбина. Тие се храбри и во Америка имаат верни пријатели.“

Чејни во Тбилиси ја осуди руската интервенција како нелегитимен и унилатерален обид со сила да се сменат границите на едена суверена држава. Пред посетата на Чејни американската администрација објави помош од милијарда долари за обнова на грузиската економија и инфраструктура разурната во војната од руските сили. Вчера во Азербејџан Потпретседателот Чејни се сретна со Претседателот Илхам Алиев изјави дека Соединетите Држави имаат длабок интерес за состојбата и безбедноста на своите сојузници на Кавказот.

„Господине Претседателе, без разлика што оваа посета е договорена пред повеке месеци, ние се среќаваме во сенката на руската инвазија на Грузија – чин јасно осуден од Меѓународната заедница. Претседателот Буш ме испрати тука со јасна порака за Азербејџан и за целиот регион а тоа е дека Соединетите Држави имаат длабок и посветен интерес за вашата добросостојба и безбедност“

Соединетите Држави соопштија дека во новата помош за Грузија не е предвидена воена подршка. Чејни е највисоко рангиран американски политичар кој дојде во Грузија по конфликтот со Русија. Тој е еден од најголемите критичари на политиката на Москва. Кремљ пак го обвинува Вашингтон дека ги зголемува тензиите со охрабрувањето на режимот на Саакашвили. Од Тбилиси американскиот Потпретседател Дик Чејни ке отпатува во Киев во посета на Украина.
XS
SM
MD
LG