Достапни линкови

Опозицијата обвинува за концетрација на власта, експертите очекуваат постапки пред Уставниот суд


По последните иземени во законот за одбрана, на кои им претходеја измени и во законот за надворешни работи опозицијата реагира дека владата се обидува да ја оствари нејзината идеја полека да го менува постојниот политичкит систем и да создаде дисбалана во поделбата на власта. Пртеничката Цеветанка Иванова од СДСМ наога дека овој обид е очигледен преку содржината И начинот на носењето на големиот број закоснки решенија кои досега беа предложени до Собранието од страна на владата , а осбено по последниве две закоснки решенија кои ги подржа владиното мнозинство.

„Постепено, уставните надлежности на претседателот се префрлаат на владата. Практично со закон ја ослабуваат институцијата претседател, иако со Устав има надлежности. Мислам дека сите овие закони се спротивни на уставот, практично, владата станува најмоќен центар во државата што не е добро за демократијата.“

Додека опозицијата најавува дека ке се спртивстави на дел од законските решенија кои добија подршка во подршка во парламентот и оти ке биде иницирана нивна преоценка, оценувајки дека тие се спротивни на уствот, партиите од владечкото мнозинтво оценуваат дека измените во законот за одбрана и за надворешни работи се позитивни, а на критиките од опозицијата гледаат само како на составен дел од мегупартиските војни кои опозијата и власта не престнуваат да ги водат

„Во принцип, тоа е задача на опозицијата, да ги критикува законите кои ги носи мнозинството, односно власта. Не би можело по автоматизам да се тврди дека е обид за концентрирање на власта,“

изјави Ермира Меммети од владеачката ДУИ. Дел од аналитичарите кои во мегувреме изнеоса оценки за донесените законски решенија, како на премер за законот за одбрана, спротивно од опозицијата, рекоа дека тоа што некои одлуки, однсно испркање мировни мисии надвор од земјава се носи во потесен круг во однсо на собрнието не е проблем бидејќи и во Собранието мнзоинство се претставници на власта. Но, професорот Осмн Кадриу има поинакво мислење односно дека некои измени укажуваат на тенденција власата повеке да се сконцентрира во владата

„Очекувам дека на добар дел од овие закони, вклучувајќи го и законот за надворешни работи ќе има иницијативи за преиспитување на нивната уставност.“
XS
SM
MD
LG