Достапни линкови

Експертите со различни ставови за политичките пораки меѓу Скопје и Атина и евентуалниот компромис


Иако сеуште не е официјално потврдено околу 10 месецов се очекува нова средба во Њујорк на македонксиот и гркиот преговарач со медијаторот во спорот со името Метју Нимиц. Тогаш според гласините се очекува и нов предлог за името. Во меѓувреме Скопје и Атина секојдневно испракаат политички пораки. Нашата позиција која е дека е двојната формула а грчакта миснитерка за недворешни работи Бакојани пак периодов потенцира дека проблемот кој не одлаечува од решението е во Скопје. Впечатокот на професорот Јован Донев е дека во периодов не можеме да заборуваме ниту за оддалечување ниту за приблужување до евентуално решение

„Треба да се почека да видиме што има на хартиите на Нимиц, ако воопшто даде предлог. Да видиме дали делот на идентитетот е исфрлен или не, користењето на брендот Македонија. Во тој случај, може да се рече дека е направен чекор напред.“

Спротивно од Донев политиколог од Тетовскиот универзитет Ќани Нухиу смета дека реториката која ја употребуваат двете страни покажува дека сме се подалеку од евентуален компромис:

„Не се приближуваме кон решение. Како прво, Македонија инсистира на двојна формула од поодамна, Грција со своите барања за користење на придавката македонски, мислам дека повеќе се продлабочуваат разликите.“

И минсиетрот за надворешние работи Милошоски вчера потенцираше дека Грција инситира во Обединетите Нации во графите нациналност и јазик да не стои терминот македонски . Тој порача дека Македонија е подготвена за разумен компромис. Ги прашавме налаитичарите што спорен нив е разуммо решение

„Тоа што би било прифатливо и продукт на компромис на обете страни и што не би задирало во идентитетот,“

вели Нухуи.

Донев пак смета дека единстевено разумно решение за нас треба да биде двојната формула

„Ние можеме да и дозволиме на Грција да ни се обраќа како сака нам. Тоа е најразумното решение што ние може да го прифатиме и да и понудиме на Грција компромис.“

Полседните шпекулации во јавноста се дека предлогот кој ке биде ставен на маса е Северна Македонија. Но сепак дел од аналитичарите велат дека треба да се почека да се види што се ке содржи тој пакет за да се коментира дали е прифатлив за нас.
XS
SM
MD
LG