Достапни линкови

Пет илјади домати стасани за берба во струмичко немаат купувачи


Земјоделците кои се занимааваат со градинарство и лозарство трпат штети отако откупната цена падна поради слабиот интерес на откупувачите. Најголеми проблеми неделава се појавија меѓу струмичките земјоделци кои ги фрлаат доматите
зошто цената е на најниско ниво досега, 3,5 денари за килограм. Слично е и искуството на земјоделец од Битолско кој исткнува дека непланирано постојано се јавуваат проблеми во земјоделствотото, односно дека прозводството на храна како и на храната на добитокот имаат висока цена

„Луѓето некако се двоумат. Еве јас, на пример, регистриран земјоделец плаќам 12 илјади придонеси, не можам да издржам да плаќам. Ќе мора да се преориентирам и како мал земјоделец да продолжам.“

Дел од земјоделците веќе решија да го изразат своето несогслување од односот на владата кон градинарите, доколку во наредните три дена не дојде претставник од владата за да го реши проблемот. Претседателот на Сојузот на земјоделците Велјо Тантаров смета дека владата може да го ублажи проблемот со ниската откупна цена доколку успее да обезбеди пласасман на градинрските производи преку ноѓање нов пазар

„Ќе побараме барање на купувачи. Лани буквално се што се произведе од земјоделските култури се замина за Грција.“

Дел од земјоделците наоѓаат исто така дека претствниците од конзервната индустрија како и оние од млечната индустрија се обидуваат да остварата брз профит од кој штетата имаат земјоделците,

„Отвораат бизнис, земаат кредит и за година – две сакаат да го вратат, на грбот на земјоделците.“

Но, според Тантаров во услови на пазарна еономија не може да се диктира откупна цена:

„Пазарот е пазар, ниту владата може нешто да прави. Но, би требало за наредната година да се размислува за примена на законот за земјоделски рурален развој, каде што се кажува во кои случаи владата може да реагира за откуп на некои градинарски производи од интерес на државата.“

Во меѓувреме, според проценките во струмичко за берба се стасани околу пет илјади тони домати.
XS
SM
MD
LG