Достапни линкови

Дуќанџиите се жалат за цената на лиценцата, граѓаните не веруваат дека ќе се намали консумацијата


Стапувањето на сила на законот за забрана за продажба на алкохолни пијалоци во периодот од 19 часот до 6 часот наредниот ден,односно во истиот период нивно продавање да го вршат само продавници кои имаат лиценца за тоа, дел од колонијалните продавници не го оправдуваат. Причината според еден сопственик на една таква продвница,е скапата лиценца која треба да се плати.

,,20 илјади денари е прескапо. Како лиценца ќе им дадат на тие што продаваат на Зелен Пазар ракија? Како ќе им дадат лиценца?"

Тој исто така додава дека за последиците од овој закон треба да размислат и производителите и дистрибутерите на алкохолни пијалаци.

,,Најдоро е сите дуќанџии да се организираат."

Од продавачите на алкохол на зелените пазари и од поголемите продавници кои ги прашавме за овој закон,не сакаа да коментираат,односно од маркетите посочија дека деновиве ке излезат со реакција.

Анкетираните граѓани пак го оправдуваат овој,но не очекуваат дека ќе придонесе за намалување на бројот на корисници на алкохол.

,,Конечно ќе се стави ред за тоа колку младината пие и кога пие. Меѓутоа, не знам колку ќе биде спроведен во целост."
,,Што повеќе забрануваш, повеќе пијат."
,,Ќе си купиш ракија, да имаш за дома."
,,Не ми се верува дека помалку ќе пијат. Еве кај мене, во основното школо се собираат и пијат, ама ти да викнеш полиција џабе. Исто како на пушач да му забраниш, ќе си пуши. Исто и алкохоличар, ако не може надвор, дома ќе пие."


Имено барања за лиценци кои се издаваат во период од две години чинат дваесет илјади денари и се поднесуваат во Министерството за економија.Оние трговци кај кои ќе се утврди прекршување на законските одредби ќе им биде одземена лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци, а барање за нова ќе може да поднесат по една година сметано од денот на одземањето на лиценцата.
XS
SM
MD
LG