Достапни линкови

Унијата ќе бара од Москва да се повлече на позициите од пред војната во Грузија?


Лидерите на Европската Унија попладне во Брисел ќе одржат итен состанок за односите со Русија по војната во Грузија. Спред најавите, Унијата ке побара од Русија да ги острани сите контролни пунктови од Грузиска територија и да се повлече на позициите од пред почетокот на Војната согласно договорот Париз – Москва. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Унијата ке направи историска грешка доколку продолжи да го подржува грузиското раководство

Русија треба да ја прифати територијалната целовитост на Грузија и да ги повлече силите од пред воената акција, е пораката на Британскиот Премиер Гордон Браун. Тој најави дека токму за тоа ќе ургира на денешниот самит на Европската Унија во Брисел. Во текстот во Обсервер, Браун испрати порака до Москва. Ако сакате да сте добредојдени во организациите како Осумте најразвиени земји, Организацијата за економска соработка и развој, Светската Трговска Организација мора да прифатите дека со правата доаѓаат и обврските.
Британскиот Премиер во телефонски разговор го предупредил рускиот претседател Медведев да очекува решителен одговор на Унијата. Кремљ пак го цитираше рускиот претседател кој зборувал во корист на распоредување дополнителни посматрачи на ОБСЕ во Грузија. Обсе на теренот има 20 тина, а планира да испрати уште 100 посматрачи. Во грузиското црно морско пристаниште Поти руските трупи воспоставија контролни пунктови и се уште патролираат. Граѓаните на Поти велат дека очекуваат да добијат подршка од лидерите на Европската Унија. Мимоза Цагурија е една од нив.

„Живееме во страв. Тука има тенкови, фронтална линија. Ние гладуваме. Ние сметаме на тоа дека светот, Германија, Америка, Франција, Италија и Велика Британија ке ни помогнат.“

Во светлината на настаните британскиот премиер Браун ја нагласи потребата Унијата да најде алтернативни извори на нафта и гас за да избегне енергетска криза. Тој побара и НАТО да ги преиспита односите со Русија и да ја интензивира подршката на Грузија и други држави кои можат да се соочат со руска агресија. Рускиот премиер Владимир Путин за германската АРД изјави Русија е загрижена поради повиците за санкции и други мерки од одредени земји членки. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Унијата ке направи историска грешка доколку продолжи да го подржува грузиското раководство. Тој повика на ембарго за оружје за Грузија додека на власт е актуелната влада. Грузијците пак во Тбилси и други градови во земјата и во Европа денеска одржуваат демонстрација на охрабрување на лидерите на Европската Унија од која очекуваат подршка за територијалниот интегритет на нивната земја.
XS
SM
MD
LG