Достапни линкови

Државните универзитети предничат во инженерските струки, приватните – поприлагодливи на пазарот


За да овозможи повеќе студенти, подобри и попристапни услови за студирање, Владата отвори нов универзитет во Штип, поголем број нови факултети, а најавено е и отворање на уште еден универзитет за информатички технологии и уште повеќе нови факултети.А исто така во последните неколку години се отворија и повеке приватни високо образовни институции, со што идните академски граѓани имаат поголем избор. Но, колку државните и приватните универзитети се прилагодливи да одговорат на општествените и економски промени,односно предизвици? Според Зоран Велковски проректор на универзитетот Свети Кирил и Методиј, државните образовни институции за разлика од приватните, предничат во делот на инженерските струки:

„Севкупноста на развојот на Македонија не се состои само од инженерските, но и од другите профили, како медицина, уметност итн. Сега за сега приватниот сектор е многу мал за да може соодветно да одговори на овие потреби. Иако е потребен како еден вид на конкуренција во државата. Тоа е јасна позиција која државните универзитети ја сфатија и мислам дека во изминативе неколку години извршија драстични промени.“

Повикувајќи се на традицијата, ректорот на Тетовскиот универзитет Сади Беџети вели дека за разлика од приватните, државните универзитети располагаат со многу поквалитетни кадри.

„Државниот универзитет во Скопје има голема традиција и тука ние не можеме да се рамниме. Тие се лидери во Република Македонија. Не е само да направиш зграда и да кажеш дека имаш добар универзитет.“
Наспроти пак мислењата на преставниците од државните универзитети,од приватните велат дека токму овие институции многу побрзо ги превземаат современите трендови едукација.

„Државните факултети сепак имаат една потрадиционална и поконвенционална улога и насока во однос на обуката и можеби токму затоа се и потроми во донесувањето на одлуките.“

Изјави Жанета Трајковска директор на факултетот за новинарство и односи со јавноста.

Со слично мислење се и од факултетот за туризам.

„Зборувајќи од аспект на теоријата на организација, сосема е јасно дека постарите институции воопшто, еве зборувајќи за државите како постари малку повеќе се бирократизираат и сето тоа им го отежнува процесот на прилагодување. Во тој контекст, приватните високо образовни институции многу повеќе работата на прилагодуавање, но и структуирање на настанвните програми во согласност со она што се јавува како потреба на пазарот.“

Вели Ана Здравковска, директор за односи со јавност на факултетот.
XS
SM
MD
LG