Достапни линкови

Невладината УСАИД со проекти го помага зголемувањето на извозот


Вкупната вредност на извозот на стоки во Република Македонија во периодот јануари-јуни 2008 година, според податоците на Државниот завод за статистика изнесува повеќе од 2 милиони, а на увозот 3.5 милиони долари. За да се поправи ова неповолна слика од огромно значење е и соработката со невладиниот сектор. Една од организациите која им помага на фирмите е и Агенцијата за меѓународен развој УСАИД. Тие преку проектот за деловно опкружување со најразлични активности им помагаат на македонските компании да создадат поволен амбиент за работа.

„Најважните претпоставки за развој на Република Македонија е извозот. Значителен дел од нашиот проект го насочуваме во оваа сфера. Најзначајна активност е нашата соработка со проектот за електронска влада, проект за едношалтерски систем на Царинската управа. Тоа е систем што ќе ја зголеми ефикасноста на извозните операции и ќе ги намали трошоците и времето за деловните процеси од областа на извозот.“

изјави Олга Тикваровска од проектот за деловно опкружување. Таа исто така додава дека имаат добра соработка со државните институции.

„Резултатите од работата на нашиот проект се најдобри таму каде што успеваме да обезбедиме ефективна соработка со државните институции. И тоа во делот на царинското работење со Царинската управа и во делот на политиките за зголемување на извозот со Министерството за економија.“

Од извозно ориентираните фирми истакнуваат дека токму од посетата на едукативните работилнци кои биле организирани од страна на некои невладини организации, научиле како да имаат поквалитетно производство.

„Производството, квалитетот, малку се даваше едукација на сточарите како да го одгледуваат јагнето да биде поквалитетно и купувачите да бидат задоволни.“

вели Русе Стефановски од кланицата Горни Полог

Соработката на домашните фирми со невладиниот сектор е од огромно значење,особено во подобрувањето на работењето на самите фирми,посочуваат од експертите.

„Голем е процентот на компаниите каде што соработката со владиниот и невладиниот сектор вродува со плод,“

вели економистот Сеадин Џафери. Тој исто така додава дека поради немањето на конкретни истражувања, за тоа дали Владата им помага на извозно ориентираните фирми,неможе да се утврди колку компаниите добиваат помош од самата држава.
XS
SM
MD
LG