Достапни линкови

Опозицијата најавува конструктивна борба


Преку поднесување на приговори и остро спротиставувајќи се на петте спорни закони, опозицијата најавува континуирана борба во собраниската сала. Забелешките на Социјалдемократскиот сојуз главно се однесуваат на процедурата со која се донесени законот за енергетика, измените на законот за работни односи, законот за лобирање, адвокатура и експропријација.

„Парламентарното мнозинство и Собранието, особено претседателот, грубо го крши и стариот и новиот Деловник. Нема да има расправа амандманска, но ќе се бориме, колку ќе постигнеме успех не знаеме,“

изјави Цветанка Иванова од СДСМ

Според неа има неколку спорни точки во предложените законски решенија за работни односи, адвокатура и енергетика.

„Практично, голем број права на работниците се намалуваат и работниците по овие измени ќе се најдат во многу незавидна положба. Во законот за енергетика, значи создавање на монопол на мала врата, да не зборувам за законот за адвокатура, каде што веќе она што беше статутарна материја за органите и адвокатската комора сега е законоско решение и грубо мешање.“

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не добивме одговор на забелешките на опозицијата. Ниту од нивниот коалиционен партнер ДУИ не добивме коментар.
На предложениот закон за енергетика неодамна реагираше и официјален Брисел, а незадоволство од донесувањето на законот за рабони односи покажа и Сојузот на синдикати.

Правните експерти велат дека не мора законите да ги земат предвид забелешките од Европската Унија. Сепак тие посочуваат дека секое инсистирање дека нашиот предлог е најдобар создава лоша слика пред меѓународната јавност.

„Ако по секоја цена се инсистира на нашиот став, на ставот на парламентарното мнозинство, а се минимизира или се исклучува мислењето на надворешниот фактор,“

изјави проф. Осман Кадриу

Откако недоразбирата меѓу шефот на државата Бранко Црвенковски и претседателот на собранието Трајко Велјановски беа надминати, на денешната собраниска редовната собраниска седница по трет пат се расправа за истите правни акти.
XS
SM
MD
LG