Достапни линкови

Банките пријавуваат многу малку сомнителни трансакции


Банките во Македонија пријавуваат многу мал број на сомнителни трансакции посочуваат од Управата за спречување перење пари.Вакви забелешки стоеле и во препораките од европската унија.Ване Цветанов директор на управата вели дека пораката која им беше упатена на шест банки пред неколку дена била со пријателски тон,за да како што објаснува Цветанов се подобри системот на работа кај сите банки.

,,Во делот на пријавувањето на сомнителни трансакции имаме забелешки од страна на Советот на Европа дека банките доставуваат многу мал број на сомнителни трансакции. Ние годишно добиваме 20тина сомнителни трансакции, што е поразително, слаба бројка. Не е соработка, ако некоја банка изработила програма за спречување на перење на пари и тоа остане само на хартија, а во практика тоа или воопшто не функционира или функционира многу слабо."

Сепак според поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини,овие обвинувања до банките,упатени од Управата за спречување перење пари,не се издржани, бидејќи како што вели тој во обвинувањата не се посочени конкретни примери.

,,Агенцијата треба да дефинира и да ги идентифиува појавите. Само со факти, со конретни докази да ги обвини."

Со измената на законот за спречување на перење пари секоја банка која има од 50 до 250 вработени треба да имаат минимум тројца вработени кои ке препознаваат сомнителни финансиски трансакции и ке ги анализираат клиентите во банките. Сепак Цветанов истакнува дека иако банките имаат доволен број на кадри кои работат на ова проблематика, тие доволно не се едуцираат.

,,Колку некој и да има искусто во оваа материја, криминалот се движи напред, така што мораме многу брзо да се движиме за да може да го следиме криминалот."

Од Управата исто така информираат дека располагаат со лични податоци на клиентите на банките, кои ги користат само за анализа на предмети поврзани со перење пари и финансирање на тероризам.

Инаку банките обвинети од Управата за спречување на перење пари за несоработка и ненавремено известување за сомнителни финансиски трансакции, преку соопштенија до медиумите го искажаа својот револт и демант. Во групата банки кои според управата биле некооперативни е и Уни банка. Од таму велат дека се во целосна усогласеност со законските регулативи и дека во досегашната соработка до нив не била поднесена ниту усна ниту писмена опомена во поглед на работењето.
XS
SM
MD
LG