Достапни линкови

Руските мировни сили мора да се повлечат од Грузија


Американскиот амбасадор во НАТО, Курт Волкер, во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека Руските мировни сили мора да се повлечат од Грузија, веднаш штом бидат распоредени воените посматрачи на ОБСЕ. Волкер додава дека Соединетите Држави ќе и помогнат на Грузија да ги обнови воените сили.

Амбасадорот Волкер вели дека примирјето меѓу Русија и Грузија не значи дека Москва има одврзани раце и оти руските трупи мора да се повлечат од грузиска територија.

„На краток рок, е предвидено во некои области, Русија да спроведе некои дополнителни воени активности. Но, тоа е привремена мерка, додека не бидат распоредени посматрачите на ОБСЕ.“

ОБСЕ моментално има 29-мина посматрачи во Грузија, а нивниот број би требало да се зголеми на околу 100. Во меѓувреме, амбасадорот Курт Волкер потврдува дека Вашингтон ќе ја помогне обновата и обуката на грузиската армија.

„Апсолутно. Важно е да се нагласи дека Грузија е демократска, суверена земја и има право да има армија. Ние ќе сите ќе работиме на тоа да им помогнеме да ја обноват армијата, која претрпе големи штети.“

Волкер додава дека НАТО и натаму планира вклучување на Грузија и Украина во Акциониот план за членство и оти за ова прашање во декември ќе расправаат шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО. Каква ќе биде одлуката во декември, ќе зависи и од случувањата до тогаш, односно како ќе се однесува Русија. Волкер повтори дека плановите на НАТО за проширување не се насочени против Русија и оти со Москва постојат и повеќе прашања што се од зеднички интерес. Но, Русија мора да игра според правилата на 21-от век и да го респектира територијалниот интегритет на своите соседи, вели американскиот амбасадор во НАТО Курт Волкер во интервјуто за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG