Достапни линкови

Денеска предупредувачки штрајк на млекопроизводителите


Млекопроизводителите денеска на предупредувачки протест со цел да го искажат незадоволството од откупната цена на млекото.Од Федерацијата на фармерите на Република Македонија велат дека во знак на револт денес нема да го предадат млекото, туку го истураaт, го даваат бесплатно на граѓаните и ги блокираат патиштата во сите поголеми рурални општини.

„Ќе се блокира пристапот до млекарите, денеска ќе нема млеко за нив и ако така продолжат нема да има млеко за нив,“

вели Ѓоко Данаилов претседател на Федерацијата.

Засега како што информираат од авто мото сојузот на Македонија патниот правец Скопје-Тетово утринава во 9 часот бил блокиран кај наплатната рампа Желино.Оваа блокада од неколку часа ја потврдија и од Федерацијата на фармери.Од таму велат дека иако било договорено да нема блокади на патишта,сепак млекопроизводителите од западниот дел на државава кои имале и најголем проблем со откупот на млеко и според кој блокирањето на млекарите немало да вроди плод, се одлучиле на ваков чекор.

Имено цените кои биле договорени во Саботата во Битола помеѓу млекопроизводителите и откупувачите во присуство на министрите за земјоделство и за финансии,од вчера не се почитувале,велат од Федерацијата на фармери

„Вчера потврдија откупни цени 11 денари по литар. Имаме ние калкулација каде што пишува дека зависно од квалитетот цената ќе се движи ид 23 до 32 денари.“

изјави Данаилов

Според Откупувачите на млекото овие барања на фармерите се нереални.Директорот на Здравје Радови Јован Дабевски овие цени кои ги бараат млекопроизводителите се превисоки.

„Не е проблемот само колкава ќе биде цената на млекото, туку и субјектите што го купуваат и го преработуваат, како ќе се однесуваат на пазарот, односно кој ќе ги купува ницните производи ако се прескапи.“

Поддршка за сточарите да го остварат правото на откуп по реални цени упатија и од Министерството за земјоделство.

„Ние немаме ингеренции да се мешаме во пазарната цена, сепак тоа се договори меѓу сточарите и млекарниците. Но, ги поддржуваме сточарите да се договорат и да постигнат цена што одговара и на едните и на другите,“

вели портпаролката на Министерството Соња Трајковска.

Инаку доколку поставените барања не бидат исполнети,фармерите за 28 август најавуваат организирање на помасовни протести со целосно блокирање на млекарниците и затворање на патиштата.
XS
SM
MD
LG