Достапни линкови

Русија ја отфрли нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на ОН


Русија ја отфрли нацрт резолуцијата на Советот за безбедност во која се повикува на итно повлекување на руските трупи од Грузија. Сепак, според извори во Кремљ, русите ке се повлечат до 22 Август. Американскиот специјален пратеник во Грузија Метју Брајза изјави дека примил десетици извештаи за нарушување на човековите права од страна на руските сили. Брајза изјави и дека Вашингтон го предупредил Тбилиси да не влегува во воена конфронтација со Русија уште пред грузиците да влезат во Јужна Осетија.

Русија ја отфрли нацрт резолуцијата на Сопветот за безбедност. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин изјави дека во нацртот треба да биде преставен и потврден францускиот мировен договор за прекин на огнот потпишан од Русија и Грузија. Американскиот заменик амбасадор во Обединетите Нации Алесандро Волф пак ја повика Русија да ги истражи злоупотребите кои во Грузија ги направиле руските трупи за време на воената акција.

„Бараме руските сили да ја исполнат нивната одговорност и да спречат нарушување на човековите права и да ги ситражат злоупотребите кои се случиле зад руските линии. Исто така во изјавата се повикува претседателот на Јужна Осетија Едуард Кокотиј на одговорност за нивните намери за раселување на грузијците од Јужна Осетија и тоа треба да биде осудено од Меѓународната заедница.“

Во врска со повлекувањето на руските сили пак, извори во Кремљ јавуваат дека Претседателот Дмитриј Медведев рекол дека руските војници ке се повлечат од Грузија до 22 Август. Некои руски тенкови си заминале од Гори, но НАТО одлучи да ги замрзне контактите со Москва се додека сите руски војници не се повлечат од Грузија. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров од своја страна, изјави дека одговорот на НАТО е едностран и дека е завземена страна со, како што рече, криминалниот режим во Тбилиси. Американскиот специјален пратеник во Грузија Метју Брајза кој се врати во Вашингтон синоќа повторно упати повик до Русија.

„Ние повторно ја повикуваме Русија да го примени прекинот на огнот, да ги повлече трупите како пред 6 Август и да се обезбеди избегнување на хуманитарната криза, како и да се превземат чекори за запирање на кршењето на човековите права за кои добивме кредибилни извештаји.“

Брајза изјави и дека кога Грузија ги информирала Соединетите Држави дека имаат намера да влезат во Јужна Осетија, Вашингтон советувал да не се конфронтираат со руските сили бидејки таквиот конфликт, со Русија е недобитен за Грузија. Грузија, имено на 7 август испрати сили во Јужна Осетија по неделите инциденти со сепаратистите од подржани од Русија.
XS
SM
MD
LG