Достапни линкови

Пожарите ќе бидат ставени под контрола во следните два дена, очекуваат надлежните


На повеке места низ државава веке неколку дена беснеат пожари. Поради опасноста од проширување на веќе активните пожари и со цел да се превенира избивање на нови , Дирекцијата за заштита и спасување ги мобилизира сопствените сили и тоа тимовите за брз одговор и резервниот состав.

„Ние веќе ги лоциравме и одредените можни жаришта од искуствата од претходните години. Во постојана подготовка сме. Веќе учествуваат и два хеликоптери од АРМ.“

вели Шабан Салиу Директор на Дирекцијата за заштита и спасување и додава дека со оглед на големината на пожарите Македонија има сили за справување и ставање под контрола на запалените шуми.

„Во моментов со оглед на природата на пожарите ние имаме доволно сили и способности да се справиме со сите пожари од отворен карактер и очекувам за ден – два да биде ставено во нормална состојба.“

И од противпожарната бригада на град скопје велат дека,пожарникарите имаат капацитети за справување со пожарите,но проблемот е како што велат од таму,застарената опрема која ја користат.

„Ситуацијата ни е под контрола поради професионалноста на пожарникарите. Но, со опремата нема никаква измена, нема обнова да се купи нешто ново, затоа што, морам да именувам, Бригадата за противпожарна заштита на Скопје нема ниту едно професионално возило. Со она што имаме ги користиме, оперативно делуваме, но сметајте дека возниот парк е стар,“

вели Благоја Менковски командир на протвпожарната бригада и додава дека тие кога немаат интервенции, се подготвуваат оперативно, технички и тактичи за тоа како да делуваат за да спречат пожари.

„Постојано се вежба, за во дадена ситуација, без разлика дали е урбан пожар или отворен, да бидеме подготвени.“

Имено станува збор за пожарите во реоните на планината Беласица кај Струмица во општината Пласница, с. Дворци во Македонски Брод.Додека како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување изгаснати се пожарите во Нов Дојран, Делчево, Гевгелија, с. Царевиќ кај Прилеп и с. Марчино кај Пробиштип.
XS
SM
MD
LG