Достапни линкови

Властите во Таџикистан одбиваат да ги заштитат многубројните дијалекти во Бадакшан


Таџикистанскиот регион – Бадакшан е автономна провинција во која живеат повеќе од 200 илјади жители, кои зборуваат на десет различни јазици. Неодамна, некои граѓани упатија повик до владата да почне да издава публикации, и исто така да ги вклучи јазиците кои што се употребуваат во регионот во радио и телевизиските програми, како и во училиштата. Оние што се спротивставуваат на оваа идеа велат дека многу мал број луѓе зборуваат на така наречените Памири јазици и затоа жителите на Бадакшан треба да ги промовираат главните јазици во државата – таџикистански и руски.

Откако завршил со училишното образование, Навбахор Назаршоев го напуштил родниот Рошорв, бидејќи можноста за вработување во ова мало село е многу мала. Тој сега живее во Кхорог, административниот центар на таџикистанската провинција Бадакшан и најчесто привремено изведува некои градежни работи. Назаршоев раскажува дека се обидел да се запише на факултет во Душанбе, главниот град на Таџикистан, но неговото познавање на таџикистанскиот јазик не било доволно за да може да го продолжи школувањето. Разбирам таџикистански, но неможам да зборувам, вели тој:

„Мајка ми беше во пензија, а татко ми многу стар, така што јас морав да ги извршувам повеќето домашни работи, поради што изгубив многу од училиштето. Многу деца во нашето училиште, умеат да зборуваат таџикистански, но исто така има и многумина, како мене што не знаат, бидејќи не приствувале редовно на училишната настава.“

раскажува Назаршоев. Неговиот роден дијалект е од групата Памири јазици, кој вклучува најмалку десетината различни дијалекти кои се зборуваат во таџикистанската провинција Бадакшан. Овие дијалекти им припаѓаат на индо-иранската или индо-европската група јазици. Многумина едуцирани луѓе од провинцијата Бадакшан ги повикуваат властите да преземат нешто за заштита на овие дијалекти, или во спротивно ќе изумрат. Во текот на јуни жителите од оваа провинцијата оддржаа протести, барајќи од властите во Таџикистан да воведат радио и телевизиски програми на нивниот јазик, како и тој да биде вклучен во училишните програми. Но, очигледно властите во Таџикистан не сакаат да го направат тоа плашејќи се од можноста за отцепување на овој регион. Бохишох Лашкарбек експерт за т.н Памири јазици, вели дека барањата на жителите од Бадакшан регионот нема никаква врска со можноста за сепаратизам, туку тие само сакаат да ја зачуваат својата историја и култура, преку нивниот јазик:

„Политиката на владата потсетува на времето на комунизмот. Тоа не е во ред. Ќе биде разумно, само доколку помогнеме во заштитата на овие јазици.“ Доколку ги респектирате овие вредности, и тие ќе ја почитуваат поддршката и ќе покажат приврзаност.“
XS
SM
MD
LG