Достапни линкови

Пакистанскиот претседател Первез Мушараф поднесе оставка


Пакистанскиот Претседател Первез Мушараф во телевизиското обраќање до нацијата изјави дека решил да поднесе оставка на функцијата. Мушараф се соочуваше со притисок да поднесе оставка или да да му биде поднесен импичмент од владеачката коалиција која го обвинува и за кршење на Уставот и низа погрешни дејствија.

„Откако ја согледав ситуацијата и се консултирав со моите правни советници и политички подржувачи ја објавувам оставката и ќе му ја предадам денеска на спикерот на Националниот Парламент.“

Тој во обраќањето до нацијата рече дека обвинувања се лажни, дека не држат, а оставката ја поднесува за да ја одбегне борбата околу импичменотот која би му наштетила на Пакистан. Мушараф е поранешен воен шеф на Пакистан кој со преврат дојде на власт во 1999 година. Тој во регионот стана клучен американски сојузник подржувајки ја борбата против тероризамот. Ривалите на Мушараф ги добија парламентарните избори во фебруари годинава.
XS
SM
MD
LG