Достапни линкови

Интересот на граѓаните за кредити ќе опаѓа, очекуваат економистите


Покачувањето на цените на нафтата, и на некои прехрамбени производи,заголемувањето на цените на дрвата за огрев и парното им го отежна животот на граѓаните. Но и најавата за покачување на потрошувачките кредити од страна на некои банки им нанесе дополнителен шок. Тие велат дека со овој бран на покачување на цените и на каматите на кредитите им се намалува животниот стандарт, бидејќи како што велат анкетираните, примањата им останале исти.

„Јас земав кредит, многу тешко е враќањето.“
„Многу е лошо, кредитот е со две острици, тешко на тие со мали примања.“
„Ќе се воздржуваме уште повеќе.“
„Тешко е и уште потешко доколку продолжи порастот на цените.“


Експертите посочуваат дека со порастот на цените треба да се зголемат и платите на граѓаните бидејки како што велат тие, за да не се намали нивната купова моќ.

„Во овие услови, ако каматните стапки ја пратат инфлацијата, а платите остануваат на пониско ниво, тогаш се намалува куповната моќ на народот,“

Посочува деканот на економскиот факултет на Државниот Универзитет во Тетово Петрит Положани и додава дека доколку продолжи овој тренд на покачување тогаш може да дојде и до намалување на побарувачката на кредити:

„Граѓаните сами ќе оценат до каде може да земат кредити. Лани имавме експанзија на кредити, значи, имаше зголемување, а сега ќе има намалување на кредитната маса. Еден излез е зголемување на вработеноста за граѓаните да може да ги следат каматните стапки.“

Имено деновиве стопанска банка најави зголемување на каматните стапки на кредитите за автомобили,потрошувачкиот и на ОК-отворениот кредит.Покачување на каматите на кредитите од неодамна го направија и во Комерцијална Банка.
XS
SM
MD
LG