Достапни линкови

Неодамна претседателот Медведев им нареди на државните агенции да не го ,,тероризираат“ бизнисот


Рускиот претседател Дмитриј Медведев им нареди на државните официјални претставници да престанат да го ,,тероризираат” бизнисот. Изјавата на Медведев дојде во момент откако претходно рускиот премиер Владимир Путин изрече критики за рускиот челичен гигант Мечел . Според аналитичарите, ова илустрира конфликт меѓу економските интереси на тимовите на Медведев и Путин.

Зборувајќи на еден бизнис собир неодамна рускиот претседател Дмитриј Медведев рече дека сака да испрати јасна порака до бирократијата во неговата земја, дека државните институции и агенции задолжени за спроведување на законите треба да престанат да го застрашуваат бизнисот. Руските лидери обично даваат вакви изјави кои се игнорираат, но овој пат е поинаку, затоа што содржината изгледа наменета на премиерот Владимир Путин кој го обвини водечкиот бизнисмен на челичниот гигант Мечел, Игор Зиузин, за договарање на цените. Според аналитичарите, ова претставува нов момент во развојот на односите меѓу двајцата руски лидери од март годинава. Лидерот на фондацијата Херитаџ од Москва Јевгени Волк, смета дека разликите претставуват конфликт меѓу технократите кои го опркужуваат Медедев и ветераните на безбедносните служби лојални на Путин:

,,Мислам дека Медведев се обидува да ги разбуди луѓето кои не го вбројуваат во кругот на Путин.”

Според повеќето набљудувачи, Медведев особено се обидува да го разбуди силниот заменик премиер Игор Сечин, кој се верува дека го организирал апсењето на шефот на Јукос Михаил Хородрковски во 2003тата година. За луѓето блиски до Сечин се верува дека сакаат да ја преземат контролата на руската економија додека Медведев пак, се обидува да ја претвори Москва во главен светски финансиски центар.

,,Во поглед на силата Путин останува повлијателна фигура. Но, постојат несогласувања за тоа како треба да се одржуваат релациите до бизнисот и како да се спроведува надворешната политика. Овие несогласувања постојат и прашање е дали може да се менаџираат или во иднина ќе растат.”

вели Волк. Дмитриј Орешкин, политички аналитичар во Москва смета дека и покрај тоа што луѓето имаат почит кон Медведев, сепак Путин е сеуште многу популарен:

,,Путин е во напад. Но, Медведев не застанува тивко на страна. Тој чувствува одговорност да пружи отпот, но меко. Тој тоа не го прави директно, туку повеќе глумејќи слуга од претставите на Молиер или Шекспир, кој шепоти на страна додека неговиот господар говори.”

Според аналитичарите, мал економски пад на Русија предизвикан од падот на цените на нафтата или зголемување на инфлацијата, може да ја промени динамиката меѓу двајцата лидери драматично.
XS
SM
MD
LG