Достапни линкови

Нема разлики во барањата меѓу ДУИ и ДПА, конфронтациите се борба за власт, оценуваат аналитичарите


Мајскиот договор на Грусвеки со Ахмети и мартовскиот со Тачи содржат речиси исти барања за остварување на правата на албанската етничка заедница но партиите на Албанците во Македонија сепак според домашните аналитичари не се мегусебно координари во однос на овие прашања. Тие имаат иста политичка платформа која почива само на унапредување на правата на таа етничка заедница вели политиколот Дане Талески според кој на тоа се должи впечатокот во јавноста дека ДУИ и ДПА мегусебно соработуваат. Кај двете партии речиси и нема разлика во политичките цели, интересиите и дејтсвувањето, додава Талески:

„Единствени разлики се на лична основа, преку ликот и делото на лидерот, и значајните фигури на членството. Има некои безначајни идеолошки разлики, а други разлики нема.“

Според него ДУИ и ДПА не соработуваат директно кога се во прашање инетерсите на Албанците

„Тоа е некој тип на конспирација или на теорија на заговор дека тие работат заедно. Мислам дека тоа не е точно. Се покажа преку процесот на избори и сега во парламентот дека тие единствено што сакаат е да се уништат, и се гледаат како врвни непријатели.“

Силните конфронтации и жестоките пресметки мегу двете партии се само борба за власт а не е изненадување фактот дека всушност дејствуваат за остварување на исти права смета и аналитичарот Хисен Рамадани:

„Тоа трае веќе сите овие 17 – 18 години. Исто е со сите партии, почнувајќи од просперитетот, до овие помали партии.“

И партиите од македонскиот политички блок односно ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се однесуваат исто како и албанските кога се во прашање малциснките права додава Рамадани:

„Во секој случај останува тенденцијата побавно да течат некои процеси, коишто како ги толкуваат и едната и другата страна, што произлегуваат од Охридскиот договор, дали се порестриктивни или попроширени. Тука се некои варијанти во разликите.“

Во споредба правата кои што ги имаат малцинствата во други земји Македонија е понапред и од некои членки на Европската Унија смета Талески затоа што нивната реалзиаја се основа врз рамковниот договор.

„Во принцип секоја земја тоа го уредува на свој начин. Има сличности Македонија со некои други мулти етнички и мулти културни општества.“
XS
SM
MD
LG