Достапни линкови

Убедени сме дека тужителот апсолутно нема аргументи да се измени пресудата, вели адвокатот Рашидовиќ


Хашкото јавно обвинителство се уште не поднело жалба на ослободителната пресуда за Љубе Бошковски, туку само најава оти ќе се жали, вели адвокатката Едина Рашидовиќ.Според правилата на Трибуналот во рок од 60 дена обвинителството има право да се жали, а одбраната да одговори по истата. Според Рашидовиќ можни се неколку сценарија доколку тоа се случи:

„Според правилата на јавното обвинителство, Трибуналот може да ја потврди првостепената пресуда, да дозволи изведување на нови докази доколку тоа го предложи некоја од страните, а може дури и да ја измени пресудата. Меѓутоа, досега тоа никогаш не се случило, иако имало случаи обвинистелството да се жали и на други ослободителни пресуди,“

изјави Рашидовиќ

Според најавата за жалба на Обвинителството, Бошковски како претпоставен не ги казнил своите подредени и затоа мора да се смета за одговорен. Обвинителството
бара од судот да го прогласи за виновен, но не се наведува колкава да биде казната.

„Ние како одбрана сметаме дека без оглед на жалбата, тужителот апсолутно нема аргументи да се измени пресудата за Бошковски. Ние сме убедени дека обвинителството не може да понуди ниту еден нов аргумент што би довел до донесување на друга одлука од сегашната.“

Во меѓувреме, утре истекува рокот за поднесување на жалбата на пресудата за Јохан Тарчуловски, според која Тарчуловски е осуден на 12 години затвор за случајот Љуботен. Неговиот адвокат Антонио Апостолски за агенцијата МИА потврди дека жалбата е подготвена и ќе биде доставена до судот во определениот рок. Таа се темели на 15 точки и 15 жалбени наводи. Рашидович проценува дека има основа за намалување на казната за Тарчуловски

„Според моите проценки на доказите кои се собрани во текот на постапката мислам дека има големи шанси, најмалку барем да се намали изречената казна. Нормално дека тој којшто се жали очекува и ослободителна преуда, но не можам да кажам дека има изгледи за тоа,“

изјави Рашидовиќ

До конечната одлука по жалбата, Јохан Тарчуловски останува во притворот во Шевенинген.
XS
SM
MD
LG