Достапни линкови

Соработка на општините и бизнисмените за локален економски раст


Соработката на општините со локалните бизнисмени придонесува за зголемување на економскиот раст на самите градови.За ова говори и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски.Тој вели дека поради добрата соработка со стопанствениците во неговиот град се отвориле пет индустриски зони.

„Имаме отпочнато, завршено и сега се прави, над шест микро економски центри. Од ниви и неплодно земјиште направивме зона од шест – седум хектари. Тоа е резултат на нашите контакти со стопанствениците.“

Задоволни сме од соработката со локалните стопанственици но сегогаш може да биде и подобро посочува првиот човек на Струга Рамиз Мерко.Тој вели дека општината на бизнисмените им дава потполна подршка во секоја нивна намера.

„Некоја посебна соработка, каде ние заедно можеме да најдеме интерес нема, но секој проект кој доаѓа кај нас работиме да го дадеме на нивно прифаќање. Се трудиме со инфраструктура да ги средиме зоните во коио работат.“

И бизнисмените се расположени за работа на заеднички проекти со локалната самоуправа.Силјан Мицевски стопанственик на градежно претпријатие во Битола вели дека досега неговата фирма имала позитивно искуство од соработката со градските власти.

„До претходната година, додека локалната самоуправа имаше склучено договор со ЈП за Стопанисување со стамбен простор, сите активности се одвиваа преку нив. Од годинава тие активности ги презема самата општина и работиме директно со неа. Малку одредени потешкотии има како на секој почеток, но не од поголем обем за да има последици по работата.“

Иако сопствениците на фирми од неурбаните средини се задоволни од локалните власти сепак овие бизнисмени се соочуваат со потешкотии околу немањето на ифраструктура.

„Проблемот е што патишатата се со дупки, што треба да се поправат. Се нас не смета. Нема како порано анархија, се се врши во нашата општина Желино,“

изјави Арбен Абдурамаани сопственик на фирма за производство на јајца.
XS
SM
MD
LG