Достапни линкови

За повторно гласање во собранието е потребно писмено известување од претседателот, велат познавачите


Претседателот Црвенковски денеска со писмо го известува собранието за одлуката да не ги потпише шесте закони мегу кои и за употреба на албснакиот јазик кои беа донесени по експресна псотапка без јавна дикусија и без пристутво на опозицијата. Пратениците од владеачкото мнозинство пак не го дочекаа официјалното известување од претседателот и уште во петокот по втор пат ги изгласаа спорните закони освен за употребата на албанскиот јазик. Според поранешниот долгогодуишен претседател на собранието Стојан Андов при повторено гласање не е почитувана процедурата. Собранието е државен органи и работи само врз основа на документи а не по изјава дадена за медимите објаснува Андов

„Претседателот на државата, ако не ги потпише, тогаш треба писмено да го извести претседателот на Собранието за причините, со наведени точни причини. Тоа писмо на претседателот и тоа образложение се основа дали Собранието ќе менува нешто во тие закони или ќе ги предложи во ист текст.“

Според Андов за да биде процедурата во ред по писменото извесување од претседателот пратениците би требало уште еднаш по трет пат да гласаат за законите. И професорот по уставвно право од Штуловиот Универзитет Рухи Бакиу се согласува дека постапката не била добро изведена, но според него не е потребно повторно гласање:

Бакиу објаснува дека откако собранието ке ги изгласа истите закони по втор пат тогаш претседателот нема уставно право да не ги потпише

„Вториот пат кога се изгласуваат законите кои не се објавуваат од страна на претседателот, тогаш по сила на Уставот и другите прописи тие закони влегуваат во сила и претседателот указот мора да го потпише и тие да се објават во службен весник.“

И додека кабинетот на шефот на државата соопшти дека Црвенковски со семејството е на годишен одмор во Турција на покана од неговиот турски колега Ѓул пратениците иако беше најавено сеуште официјално не се знае дали од денеска се на одмор.
XS
SM
MD
LG