Достапни линкови

Сламка за спас на опозицијата и политички вешт и државнички потег на претседателот


Вчерашните три предлози на претседателот Црвенсковски всушнсот и ја отвараат вратата на опозциијата да се врати во парламентот откако нивниот одлука за бојкот беше силно критикувана од мегународната заедница велат дел од одмашните аналитичари. Ако се анализира од политички или партиски гледна точка понудата на Црвенсковски е реална и прагматична вели професорката Биљана Ванкосвка

„Тоа е понуда што веројатно на опозицијата и дава некаква сламка за спас достоинствено да се врати во институциите, во смисла дека довеле до кризна ситуација во која се инволвира и претседателот.“

На оваа тема односно колку потегот на претседателот како што вели професорката е сламка за спас на опозцијата успеавме да обезбедиме комнетар само од владечаката Демократската унија за интеграција. Работите се јасни зошто ДПА веке најави дека ке се врати во пралментот доколку на дневен ред повторно се стави законот за јазиците вели Рафиз Алити од ДУИ

„Дали е ова договорено меѓу Тачи и господинот Црвенковски знаат тие. Дали би придонел Црвенковски за враќање на опозицијата во парламентот? Секако дека би придонел, бидејќи опозицијата треба да се врати во парламентот, а тоа би бил повод.“

Колку пак реализицијата на овој план може реално да даде резултати.Според аналитичарот Махи Несими потегот на Црвенсковски е политички вешт и државнички

„Во овој случај тој оди уште чекор понапред, спремен е да направи и нешто повеќе во склоп на неговите ингеренции за опозицијата да биде составен дел на Собранието.“

Спротивно од Несими Ванковска смета дека и доколку опозицијата се врати во парламентот на подолг рок нема да има некој напредок во мегупартсиките односи и демократаска дебата

„Со понудата за ДПА отвора пандорина кутија, во смисла дека и неговото вето не може да трае повеќе од шест месеци, така што мнозинството ако сака може повторно да го донесе тој закон, но ќе има беспоштедна битка меѓу партиите.“

Претседателот Црвенсковски вчера и понуди на опозицијата доколку се врати во парламентот да го аболицира струмичкиот градоначалник Зоран Заев, да не го потпише законот за јациите и неколку други спорни кои собранието ги донесе само со владечакото мнозинтво.
XS
SM
MD
LG