Достапни линкови

Пензијата повисока за 450 денари, сметката за парно за 1,500 – велат пензионерите


Дали со еден бран најави содржани во процентот на зголемувањето на пензиите или во најавата дека учебниците ќе се добиваат бесплатно може да се очекува компензација за бранот поскапувања кој заврши со драстичниот пораст на цената на парното а продолжува да ја држи тензијата со најавата дека ќе поскапи и струјата? Иако некои од економистите на ова гледаат како на позитивен обид да се амортизираат последиците од глобалните движења на цените, најголем број од граѓаните но и социолозите се скептични.

„Тоа е ублажување на тие негативни тенденции кои се случуваат со поскапувањето на енергетските суровини,“

вели економистот Ристо Темјановски.

И покрај ова социологот Ѓорѓи Тоновски очекува уште еден пад на стандардот на македонските граѓани кој и онака дава знаци на одредени движења како што вели само во главниот град или барем во текот на сезоната во главниот туристички центар Охрид. Во останатите градови од внатрешноста состојбата на стандардот е далеку полоша.

„Ништо не значи ако категоријата на пензионери добива пет или осум насто. Можеби е надеж, дека ете се пронашле средства, па почнува од некаде работата да оди напред. Но, тоа не се средства кои влегуваат во инвестиции или отвораат перспективи за развој,“

вели Тоновски.

Граѓаните меѓу кои и оние кои очекуваат зголемување на месечните примања својата живеачка ја илустрираат преку бројките со кои се занимаваат секојдневно.

„Покачиле 450 денари на мојата пензија, а парното ми го покачиле за 1,500 денари. Која е разликата?“
„Цената на струјата, парното, храната. Платите не се зголемуваат. Не треба многу да се мисли, се знае дека ќе биде многу тешко. Секогаш се зборува за утре, а ние живееме сега – за утре не знаеме.“
XS
SM
MD
LG