Достапни линкови

Десетици повредени во синоќешните протести во Белград


Бившиот Претседател на Република Српска Радован Караџиќ обвинет за воени злосторства во војната во Босна и Херцеговина денеска му е израчен на Меѓународниот кривичен трибунал за бивша Југославија во Хаг. Во Белград синоќа беа одржани протести против апсењето на Караџиќ од страна на српските власти, кои завшија со немири и десетици повредени демонстранти полицајци и неколку новинари.

Радован Караџиќ, обвинет за геноцид над несрбите во Босна и Херцеговина, изутрината е сместен во притворот на Хашкиот трибунал, откако претходно во Хаг го префрлија српските власти. Две комби возила со затемнети стакла влегоа во зградата на затворот во Шевенинген и како што јавија новинските агенции во еден од нив бил Радован Караџиќ.. Новинските агенции денеска од улиците на Белград ги првичните реакции на некои белграѓани.

„Лично јас бев против оваа екстрадиција. Тој ги спаси србите во Босна и да не беше тој немаше да има повеќе срби во Босна.“

„Ако мене ме прашате, сите воени криминалци треба да бидат екстрадирани. И ако можам да додадам – нема колективна вина. Зошто некој да ја обвинува Србија за нешта сторени од страна на индивидуалци.“


Радован Караџиќ, како што соопшти Националниот Совет за Безбедност на 21. јули во околината на Белграда. Тој неколку години го користел лажниот идентитет на доктор и духовен исцелител Драган Давид Дабиќ. Истражниот судија во Белград Милан Дилпариќ донесе решение дека се исполнети условите за израчување на Караџиќ на Хашкиот Трибунал. Рокот за жалба истекна во петокот на полноќ, а таа до тој датум можеше да се прати по пошта. Бидејки жалбата не стигнала во разумен рок. министерката за правда Снежана Маловиќ ја потпиша одлуката за израчување. Радован Караџиќ, во Хаг ке се соочи со 11 обвиненија за војната во Босна. Тој е обвинет дека стоји зад убиството на 8 илјади мислимани во Сребреница и за 44 месечната опсада врз Сараево која остави 12 илади мртви и 50 илјади ранети луѓе. Српската радикална партија синоќа во Белград организираше протести против апсењето на Радован Караџиќ, но кои, според полициијата во Белград имало 15 тина илјади луѓе. Тие носеа постери со нивниот српски херој и пееја националистички песни. На протестите и по нив по улиците на градот имаше насилства и судири со полицијата кои резултираа со повреди на неколку десетици демонстранти, полицајци и неколку новинари.
XS
SM
MD
LG