Достапни линкови

Селективно исклучување на струјата во општините


Финансиската состојба на општините во државава е поволна и локалните самоуправи имаат моќ да ги подмират сметките кон јавните претпријатија. Но сепак некои од градоначалниците со обвинување кон ЕВН за селективното исклучување на струјата. Рамиз Мерко првиот човек на Струга вели дека долгот што ја има ова општина кон ЕВН е стар десетина години и е произлезен од колекторот, објект кој е изграден за заштита на охридското езеро кое е во сопственост на државата.

„За два месеци ние исплативме милион евра на нив. Повеќето од средствата се од колекторот, систем за заштита на Охридското Езеро, во сопственост на државата. А, водата од Охридското Езеро се продава на хидро централи, а ниту денар не се носи Проаква. Не е фер, да се исклучуваат села, за да се исклучи пумпната станица.“

вели Мерко и додава дека од сето ова најмногу штета трпат граѓаните.

„Навистина граѓаните се иритирани, особено сега, во екот на туризмот. Ова не доликува и не знам каде е правната држава.“

И општината Штип има проблеми со неподмирени долгови кон ЕВН.Градоначалникот Панде Сарев посочува дека долгот кој е произлезен од јавното комунално претпријатие Исар чиј основач е самата општина, наскоро ке биде решен:

„Се работи за објекти дадени под закуп на ЈП, тоа е деловен простор и со одлуки на УО на ЈП треба да се продадат и средствата треба да се наменат за надмирување на обврските кон ЕВН“

Сепак граѓаните на ова општина,засега не го почуствувале овој проблем.

„За сега, не дозволуваме да има штети. Редовно се сервисираат услугите кои ги дава ЈП кон граѓаните, така што настојуваме овој проблем барем за сега да не го почувствуваат граѓаните,“

изјави Сарев.
XS
SM
MD
LG