Достапни линкови

Опозицијата ја оценува одлуката на кривичниот совет како политички чин


Денешната средба на избвршниот одбор и на пратеничката група на СДСМ во седиштето на партијата, извесно дека нема да донесе промена на одлуката таа партија да не учествувва во работата на пленарната седница на парламентот, изјави Владо Бучковски. Тој повтори дека со одлуката на кривичниот совет на Скопскиот основен суд според која на градоначалникот на Струмица и потпретседател на СДСМ, Зоран Заев му е одреден притвор од 30 дена, власта става рака врз независнсота на судството:

„Оваа дополнителна провокација ги смалува шансите и на среден рок опозицијата да се врати во парламентот. Таа ќе биде во парламентот, но не и на пленарните седници.“

Слично како матичната партија на градоначлникот на Струмица Заев, и Роза Топизовска Каровска од ЛДП во одлуката за притвор, гледа политички чин, а тие нема да присуствуваат на пленарните седници во парламнтот барем не на среден рок:

„Ова е класичен монтиран политички процес. Но, ќе ја процениме ситуацијата, сепак сме избрани од граѓаните.“

Првично одлуката да не учествува во парлентот опозицијата ја донесе поради приведувањето на Зеев на 17 ти овој месец кога колацијата „Сонце“ ја обвини власта за злоупотреба на притворот и нарушување на пресумпцијата на невиност. Одлуката сега е донесена по жалба на јавното обвинителство кое претходно поднесе приговор на претходната одлука со која тој можеше да се брани од слобода. Професорот Јован Донев не го прифака ова како релевантен аргумнт за напуштање на парлментот:

„Ако кривичниот совет донесе таква одлука, сите правни елементи се исцрпени и таа одлука треба да се почитува. Тоа е одлука на судски орган во Македонија. Не можете вие да ја обвинувате власта дека става рака врз судството, а всушност вие вршите притисок.“

Според него неписуството на опозицијата во парламентот не претствува добар избор и нема да и донесе полза како како на најголем опозициски субјекет.

„Мислам дека ако не учествувате во парламентот, не настапувате јавно, тоа ќе биде многу лошо. Прес конференциите не се начин. Покачување на рејтингот значи постојано присуство во политичкиот живот.“

Одлуката да не учествува во работата на парламентот е најтешка во опозициското делување на СДСМ, изјави претходно лидерката Радмила Шеќеринска која смета дека парламентот не е таму каде што е салата, туку каде што е дебатата. Власта ја избрка опозицијата за да може во новопоставениот термин петок попладне по итна постапка да го донесе најважниот закон каков што е законот за јазиците, рече Шеќеринска,
откако опозицијата не го прифати повикот на претседателот на Собранието Тарјко Вељановски да присуствува на изборот на владата во саботата.
XS
SM
MD
LG