Достапни линкови

Светот мора да се заштити од иранската нуклеарна заштита


Барак Обама кандидатот на Демократската Партија за американски претседател во рамките на неговата турнеаденеска во Берлин ке одржи говор. Тој вчера во Израел порача дека светот мора да се заштити од иранската нуклеарна закана. Неделава Обама ги посети и Ирак и Авганистан. Обичните граѓани на овие две земји поделени меѓу скептицизмот и оптимизмот дека Обама, доколку стане претседател ке донесе позитивни промени во нивните земји.

Многу ирачани и авганистанци се оптимисти дека демократскиот кандидат за американски претседател Барак Обама ако победи на изборите во Ноември ќе донесе позитивни промени во нивните земји. Еден од нив е жителот на Кабул Абдел Бакши. Тој верува дека политиката на сенаторот од Илиноис ке биде различна од онаа на актуелниот перетседател Џорџ Буш.

„Ако Обама победи на претседателските избори, демократите кои сакаат драматични промени во Авганистан ке се концентрираат повеке да му помогнат на Авганистан отколку на Ирак. Обама велеше дека ке прати повеќе војници во Авганистан. Тоа значи дека сака да помогне и да направи промени во Авганистан.“

Ахмадин Мохамади студент во Кабул пак е циничен во врска со евентуалните промени.

„Американската политика никогаш нема да се промени. Некои луѓе велат дека ке пратат повеке војници во Авганистан, но американската политика е секогаш иста. Претседателите доаѓаат и си одат а нивната политика не се менува.“

Насилствата во Авганистан се во пораст додека ситуацијата во Ирак се смета за јадобра од 2004 година. Сенаторот Барак Обама, повика дека е време фокусот да се стави на Авганистан. То се залага за преместување на американските војници од Ирак, каде што би останале само сили за обука на ирачките трупи, за одбрана од нападите на Ал Каеда и за заштиат на цивилните операции. Марва Мухамад ирачанка од северниот ирачки град Мосул се согласува дека е време за американско повлекување.

„Јас сум за повлекување на трупите. Тоа значи дека сум повеќе за Обама отколку за другиот кандидат МекКејн. Искрено, не сакам следниот претседател да каже дека ке ги задржи трупите. Во нивно присуство како да сме затвореници. Го знаете Мосул. Од 5 попладне нема никој на улиците. Како град на духовите е и тоа е нивна грешка.“

Меѓутоа според Раад Халаф ал Машри студент од Басра прерано е да се постави рамка за повлекување на американските трупи од Ирак.

„Во суштина целите на Обама се коректни, но да се каже дела треба да има повлекување за 16 месеци е политичка хипкризија. Во сегашниве услови за ирачаните повлекувањето е неприфатливо. Тоа би оставило празен простор во безбедноста.“

Републиканскиот противканидат сенаторт Џон МекКејн кој неколкупати ги има посетено Ирак и Авганисатн изјави дека Обама повеке би преферирал да ја изгуби војната отколку изборите. Неговата политика кон Ирак и Авганистан, споерд МекКејн е наивна.
XS
SM
MD
LG