Достапни линкови

Не е можно соларната енергија и ветрот да биде извор за греење, согласни експертите


Соларната и ветерната енергија не може да заживеат како сериозна замена на потрошуавчката на електрична енергија како на пример од јаглен што е основен носител кај нас .За нив може да се зборува како дополна на капацитетите на мокност смета Марјан Николов од Центарот за еконосмки анализи

„Прво, во Македонија нема доволно ресурси, ветар со такви брзини и карактеристики што можат да носат моќност. За соларната енергија, нема никакви проекти на тој план и нема организиран пристап од државата.“

Насоката во која треба ад се размислува во Мкаедонија за примарна енергија од која би се произведувало електрична енергија се гасот, ијагленот, вели Николов. Слично размилсува Атанаско Туневски професор на машинскиот факултет во Скопје.

„Соларната и ветерна енергија е неможно да го заменат греењето во зимски услови. Можеби соларна енергија да, за топла вода летно време, но не за греење или ладење на стамбени згради.“

Во мегувреме секое семејство треба да реши дали ке продолжи да користи парно греење по цена од 60 проценти зголемени сметки или ке се прентира но струја. Проблем со греењето со струја е дека во тој случај мрежата ке се оптовари и ке има прекини со снабдувањето.

„Со гасификацијата веројатно би се намалиле тие трошоци. Има најави дека тоа Топлификација ќе почне да го прави, така што на тој начин тоа ќе биде поефтино, но тоа не е решение за оваа зима туку за некоја наредна зима. “
XS
SM
MD
LG