Новата влада останува на курсот на евро атлантските интеграции врз основа на остварување на сите реформи и решавањето на спорот со Грција, врз принципот на незагрозување на националниот идентитет. Ова се наведува како еден од врвните стратешки приоритети во новата владина програма, која треба да се остварува во наредните четири години. Во услови кога Македонија има проблем со името со Грција, прашање е како ќе продолжиме да се движиме по тој пат. Во принцип, одлуките во НАТО и ЕУ се донесуваат со консензус. Но, исто така мораме да сфатиме дека Македонија има отворена покана за НАТО, вели деканот на филозофскиот факултет во Скопје Трајан Гоцевски. Според него, како одминува времето позициите на Македонија стануваат многу појасни и пред меѓународната заедница во врска со прашањето за името. Односно, како што вели, Македонија не може да отстапи од националниот идентитет, јазик и култура:
„Политичкиот естаблишмент во Македонија веќе почнува малку повеќе да работи на тој план и веќе на сите е јасно дека Република Македонија не може да остапи од својот национален идентитет. Исто така, Македонија не може да отстапи од својето уставно име, за употреба внатре и исто така во билатералата со земјите кои веќе не признаа. Значи, сега останува да се дебатира како ќе се реши билатерално името меѓу нас и Грција. Нашите позиции се тие и исто така мислам дека нешто повеќе ќе се дебатира околу тоа како во меѓународните организации понатаму ќе се употребува така договорената комбинација со Грција.“
Република Македонија не може да преговара за други решенија, бидејќи уставот тоа не го дозволува, вели Гоцевски. Во врска со овој спор со Грција го има со нашето име, во владата велат дека при разговорите што се водат за ова прашање таа останува активен и конструктивен учесник:
„Се разбира, при разговорите што се водат околу ова прашање ги имаме предвид црвените линии, врзани со сочувување и одбрана на македонскиот национален идентитет, култура и традиција,“
изјави портпаролот Ивица Боцевски.
За евро атлантските интеграции и прашањето околу името, претседателот на државата Бранко Црвенковски истакна дека негов став е дека европската перспектива за Македонија нема перспектива, односно дека не смее да се релативизира прашањето кога Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ. А, во врска со спорот со името неговиот став е дека Македонија мора да се обиде да дојде до разумно решение, но се разбира не смее да биде загрозен македонскиот народ, нација и јазик, изјави претседателот Црвенковски.