Достапни линкови

Најрелевантна е оценката на државата, согласни експертите


Иако, образложувајќи ја пресудата на Хашкиот трибунал, судијата Кевин Паркер, настаните од 2001 година ги дефинираше како внатрешен воен конфликт, тоа не треба да биде веродостојна дефиниција за тоа што се случуваше пред 7 години, реагираат домашните експерти. За она што се случуваше во 2001-та најмеродавна е оценката на македонските државни органи, вели полковник Благоја Марковски, воен експерт, но и еден од сведоците на одбраната.

„Дефиниција за тоа треба да даде македонската страна, односно Република Македонија, затоа што таа е надлежна да го дефинира тоа што се случуваше кај нас.“

Со ова мислење се согласува и проф. Осман Кадриу од Факултетот за општествени науки.

„Најмеродавни се оценките што ние ги имавме како држава преку нејзините државни релевантни и компетентни органи.“

Се додека хашките случаи не се завршат, поглавјето 2001 година не може да се смета за завршено, согласни се Марковски и Кадриу:

„Со оваа пресуда поглавјето од 2001 година не треба да се затвори бидејќи имаме четири предмети кои треба да ги разгледуваат нашите судови.“
„Не може да се смета како затворено поглавје затоа што од пет предмети што беа процесуирани пред Хашкиот трибунал, за едниот се огласи дека има елементи и ја спроведе постапката со одлуката каква што е. Другите четири предмети се вратени, па сега ќе видиме што ќе биде судбината на тие предмети.“


Какви последици ваквата пресуда ќе има на натамошните меѓунационални односи во земјава? Аналитичарите се поделени во своите оценки

„Тоа не би требало да биде споиво, бидејќи овој предмет е предмет што го решаваше судот во Хаг,“

изјави Марковски

Но, според Кадриу ослободителната пресуда за Бошковски, може да ги влоши односите меѓу македонската и албанската етничка заедница.

„Ќе има соодветно негативно влијание врз меѓунационалните односи во Македонија, затоа што од албанската популација во Македонија, посебно од жителите на Љуботен се очекуваше сосема поинаква одлука. Со последиците, со оглед на убиството на цивилите, големата материјална штета, палење на куќи итн,“

изјави Кадриу.
XS
SM
MD
LG