Достапни линкови

Разговорите за статусот на Косово завршија, треба да започне процес на решавање на проблемите


После неколку дневните меѓуетнички тензии меѓу локалните срби и албанци на северот од Косово, во кои еден србин беше потешко повреден, ситуацијата е мирна, но тензична. Причина за ескалирање на ситуацијата е изградбата на локалниот водовод, на што се противи српското население. Во својата прва посета на овој регион, новиот шеф на УНМИК Ламберто Занијер изјави дека мора да започне процес на решавање на проблемите, бидејќи разговорите за косовскиот статус се веќе завршени.

Меѓуетничките тензии меѓу локалните срби и албанци во Косовска Митровица изминативе денови кулиминираа. Во неколку дневните судири меѓу населението од селото Сув Дол во овој регион, еден србин беше потешко повреден. Повод за инцидентот е изградбата на локалниот водовод. Имено, српското население недозволува негова изградба бидејќи тој треба да минува низ нивните имоти, и воедно бара од општината за изградбата на водоводната мрежа да добие дозвола и од српските власти, на што пак се противат албанците кои сметаат дека станува збор за паралелни структури. Претседателот на општината Митровица Бајрам Реџепи изјави дека по инцидентите меѓу албанците и србите, разговарал со меѓународните претставници. Резултатот од таа средба, вели Реџепи, е потребата од соработка за смирување на тензиите. По меѓуетничките судири, УНМИК одлучи да ја прекине работата на изградбата на водоводот. Во косовската полиција велат дека по неколкудневните судири, моменталната ситуација е мирна, но кревка. Истрагата е во тек, а неколку лица се уапсени. Во Сув Дол се присутни зголем број безбедносни сили, полиција и припадници на КФОР. Портпаролот на косовската полиција Ветон Елшани вели дека полицијата во соработка со УНМИК и КФОР делува со цел спречување на ескалирање на ситуацијата. Но, ако дојде до тоа ние сме подготвени да реагираме, посочува Елшани. А токму во период на зголемени меѓуетнични тензии северниот дел на Косово, го посети новиот шеф на УНМИК Ламберто Занијер. Тој оствари одвоени средби со српските и албанските претставници од регионот. По средбата со српските претставници Занијер посочи дека разговорите за косовскиот статус се завршени и натаму треба да се продолжи со решавање на реалните проблеми. Според него, по пат на конструктивен дијалог вклучувајќи го и малцинството може да се најде решение за сите проблеми:

„Според мое мислење најважен е ангажманот во средините каде живее малцинското население.“

посочи новиот шеф на УНМИК Ламберто Занијер при првата посета на северниот дел на Косово. Тој уште додаде дека е подготвен да го потпомогне дијалогот меѓу српската Влада и косовските власти.
XS
SM
MD
LG