Достапни линкови

Потребата од оваа институција се оценува согласно политичката припадност


Во зависност од тоа на која партија и припаѓаат србите од Косово различно гледаат на неодамна формираното Собрание на српските општини. Додека еден дел од српската заедница, односно партиите кои најверојатно ќе бидат опозиција во Србија веднаш го прифатија формирањето на оваа институција, останатите се воздржани и го чекаат ставот на новата влада во Белград.

Формирањето на Собрание на српските општини на Косово предизвика различни мислења меѓу српската заедница. Дејан Баљошевиќ кој живее во местото Ораховац со одредени стравувања:

„Не сум сигурен колку ова Собрание може да им помогне на србите јужно од Ибар, бидејќи овде нема некои ингеренции, како ќе функционира таа законодавна и извршна власт, навистина незнам.“

вели Баљошевиќ. Од друга страна многу луѓе истакнуваат дека без разлика на околностите оваа институција треба да функционира:

„Тоа ќе биде за нас, и ние да имаме нешто наше.“

истакнува Ратомир Михајловиќ од околината на Гнилање. Актуелниот министер за Косово во владата на Србија Слободан Самарџиќ на седницата при формирањето на Собранието изјави дека српското население преку институцијата добиваат демократски избрани претставници и органи на власта. Но, претставниците од Демократската Партија и Г-17 сепак сметаат дека формирањето на српското собрание не е вистинско решение и оти е преурането. Горан Богдановиќ претседател на ДП за Косово вели:

„Ние сакаме прво да се формира Владата и таа да заземе став, бидејќи сметаме дека функцонирањето на собранието пред тоа да се случи, само може да предизвика поголема конфузија и поделба во српската заедница.„

Од друга страна претседателот на Српскиот национален совет Драган Велиќ посочува дека формирањето на собрание на општините со срско население е резултат на потребата од легитимни претставници на србите:

„Во договор со владата во Белград и со меѓународната заедница треба да се создаде процес преку кој ќе се добијат легитмини претставници на србите и процес во кој преку разговори ќе доаѓа до решенија што ќе гарантираат институционална заштита. “

изјавува Велиќ. Формирањето на посебно српско собрание предизвика остри реакции во Приштина. УНМИК и косовските инситуции оценија дека тоа претставува зајакнување на српските паралелни структури.
XS
SM
MD
LG