Достапни линкови

Дел од општините сеуште имаат финансиски проблеми


По скоро една година од отпочнувањето на втората фаза од фискалната децентрализација поголем дел од општините сеуште се соочуваат со финансиски проблеми. Аце Коцевски градоначалникот на Велес објаснува дека само 12 општини ги исполнуваат условите за задолжување,односно како што вели тој само овие општини редовно доставуваат позитивно оценети финансиски извештаи до Министерството за финансии и во последните две години немаат никакви долгови.

„Фактите зборуваат дека сеуште Македонија е една од најфискално централизираните држави. Парите со кои располагаат општините се многу малку, дури и во споредба со косовските, босанските, а да не зборувам за српските општини, општините од Романија, Бугарија, Словенија и западна Европа.“

Како можно решение за надминување на овие проблеми. Коцевски предлага:

„Јас сум повеќе за напуштање на концептот за финансирање на општините од ДДВ-то и за други решенија кои ги заговараат најистакнатите универзитетски професори кои се експерти за фискална децентрализација.“

Помалите општини пак се соочуваат со поголеми финансиски проблеми. Градоначалникот на општина Лозово Јордан Павлов вели дека се соочуваат со овој проблем бидејки сеуште се финансиски зависни:

„Градовите си имаат свои проблеми, ги решаваат. Ние имаме свои, а често пати нашите проблеми се минорни за градовите. Од тој аспект се бара начин за малите општини.“

Од Јануари годинава скопската општина Гази Баба влезе во втората фаза на фискалната децентрализација.Поради долговите која ги имаше ова општина,не успеа да премине во втората фаза во септември минатата година.

„Долговите ги исчистивме и немаме проблеми во тој дел. Единствено проблемот е што сите средства коишто ги добивале училиштата и градинките, да и понатаму бидат префрлани на сметката на општината или преку општината на градинките и училиштата. Затоа што настануваат одредени проблеми особено во делот на греењето, вработените на дело,“

изјави градоначалникот на општината Коце Трајановски
Инаку фискалната децентрализација подразбира префрлање на одредени одговорности за трошоците и приходите на локалните власти
XS
SM
MD
LG